Почетна » Новости » Истражувања » Успехот на диетата зависи од гените

Успехот на диетата зависи од гените

Ако веќе долго време се придржувате стриктно кон одредена диета и таа не дава резултати, слободно можете да ги обвините гените за тој неуспех. Научниците докажаа дека успехот на дадена диета зависи од вашите гени.

Диета

Некои жени се генетски програмирани да слабеат повеќе со одреден режим на исхрана отколку други. Овој заклучок дава објаснување зошто некои популарни диети кај едни жени даваат успех, а кај други – не.

Истражувачите од Универзитетот Стенфорд во САД анализирале ДНК на 100 жени со прекумерна тежина кои држеле различни диети, за да ја откријат поврзаноста. Тие стигнале до изводот дека жените кои следеле диета што одговара на нивните гени, ослабеле 3 пати повеќе од жените кои што практикувале „погрешна“ диета.

Затоа, доколку исхраната богата со протеини не дава резултати кај вас, обидете се со диета која вклучува храна богата со јаглехидрати.

Научниците се надеваат дека овој факт ќе им помогне да го решат проблемот со дебелината во општеството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.