Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 6 правила за слабеење кои НЕ МОРА да ги почитувате

6 правила за слабеење кои НЕ МОРА да ги почитувате

Колку повеќе се ограничувате и колку повеќе правила почитувате, толку повеќе сакате да ги прекршите. Тоа е во човечката природа. Па, истото важи и за слабеењето. Секојдневно слушаме правила кои би требало да ни донесат убава витка фигура: „Не јадете доцна навечер“, „Пијте најмалку 8 чаши вода“, „Не јадете леб“... Навистина придржувањето кон одредени правила е неопходно за да ја намалите телесната тежина, но има и правила кои можете да ги заобиколите или од време на време да ги прекршувате, а сепак да продолжите да се движите кон својата цел.

Диета

Прекршувањето на дел од правилата може да придонесе да го прекинете јо-јо циклусот, да ве направи позадоволни и посреќни што не треба да правите толку многу рестрикции или да ве ослободи од стегите на диетите. Ова се некои од правилата кои не мора да ги почитувате, а сепак ќе продолжите да слабеете:

1. Лебот е ваш најголем непријател

Луѓето кои се на диета бегаат од лебот како од оган. Но, вистината е дека лебот може да ви помогне во слабеењето, само што треба да го направите вистинскиот избор. Исклучете го од исхраната белиот леб и започнете да консумирате црн зрнест леб. Зрнестиот леб е полн со растителни влакна кои ќе ве држат сити подолго време, па ќе имате помалку напади на глад.

2. Пијте диетални газирани сокови

Диеталните газирани сокови ќе го намалат бројот на внесени калории, но нема да ви помогнат да слабеете, ниту пак да ја зачувате витката фигура. Најновите истражувања покажуваат дека диеталните газирани сокови всушност предизвикуваат дебелеење. Научниците откриле дека луѓето кои во текот на една деценија редовно консумирале диетални газирани сокови, за возврат добиле многу повеќе масни наслаги на стомакот отколку лицата кои ги избегнуваат овие сокови. Се смета и дека луѓето кои консумираат диетални пијалоци остануваат со впечаток дека со таквата постапка „заштедуваат“ калории, па си дозволуваат да јадат повеќе. Така, Американците обожаваат да јадат калорични сендвичи, а притоа да пијат диетална кола, сметајќи дека прават нешто добро за линијата.

3. Не јадете по 20 часот

Една калорија е една калорија, независно дали ќе ја изедете наутро или навечер. Сè додека внимавате што и колку јадете, не треба да ставате катанец на вашиот фрижидер по 20 часот. Но, наместо пакетче чипс, земете јаболко или непечени бадеми, а наместо сладолед, неколку коцки црно чоколадо. Многу подобро е да ставите нешто во устата и да го убиете гладот, отколку нервозни да се обидувате да преживеете и да се мачите да заспиете. Фрустрациите кои ги предизвикува гладот може побрзо да ве откажат од здравиот начин на исхрана и да ве натераат да се фрлите кон големата торта која случајно се нашла на маса.

4. Јадете 5-6 мали оброци наместо 3 поголеми

Консумирањето на 5-6 мали оброци го одржува нивото на шеќер во крвта, ја подобрува работата на метаболизмот и го контролира апетитот. Но, денешниот динамичен начин на живот не ни дава можност редовно да се придржуваме кон тоа правило. Сепак, не треба ниту малку да се загрижувате ако не можете да јадете 5 пати дневно. Жените се посклони да консумираат повеќе калории кога јадат повеќе пати затоа што имаат повеќе можности за прејадување. Па, ако сте од луѓето кои не можат да си ги ограничат порциите, подобро е да јадете 3 пати дневно.

5. Десертите се забранети

Не им верувајте на диетите кои не ви дозволуваат од време на време да се почестите со десерт. Балансираните диети вклучуваат и мал десерт по вечерата или даваат ден за „мамење“, т.е. ден во кој ќе можете да се насладите на омилената храна. Истражувањата покажале дека луѓето кои се лишуваат подолго време од храната што ја сакаат, на крајот јадат многу повеќе и се прејадуваат. На пример, две недели се воздржувате и не каснувате ништо слатко, а веднаш по завршувањето на диетата јадете цело чоколадо или две парчиња торта. Наместо да се случи тоа, подобро е за време на тие две недели 3-4 пати да каснете по 3 коцки чоколадо. Најдобрата варијанта е да избирате здрави десерти како црно чоколадо кое содржи голем процент на какао.

6. Задолжително треба да вежбате

Комбинацијата здрава исхрана + вежбање е идеална за намалување на тежината и одржувањето на формата на телото. Вежбањето носи и многу други бенефиции освен слабеење. Но, ако не сте во можност да вежбате, можете да слабеете само со диета. Внимателно контролирајте ја храната што ја консумирате и ќе можете да ги постигнете своите цели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.