Амал Аламудин, дамата која го зароби срцето на холивудскиот шармер Џорџ Клуни, го прослави својот 39. роденден.
Успешната адвокатка е родена во Бејрут, Либан, но за време на граѓанската војна, кога имала само 2 години, таа и нејзиното семејство се преселиле во Бакингемшир, Англија.
Угледната правничка и активистка и 55-годишниот холивудски актер се верија во април 2014 година, а пет месеци подоцна, запливаа во брачните води на голема церемонија во романтичната Венеција. Деновиве, пораснатото стомаче на Амал поттикна гласини дека е во блажена состојба, но славниот пар сè уште ја нема потврдено веста.
Стилот на Амал најчесто се базира на елегантни фустани и женски костуми. По повод роденденот на славната сопруга на Клуни, погледнете 39. од нејзините највпечатливи стилски моменти.