Џос Стоун е бремена. Славната пејачка дозна дека е во блажена состојба само неколку недели по посвојувањето на трето дете.
Убавата вест 37-годишната Англичанка ја соопшти на Instagram.
„Искрено. Шокирана е благ збор. Ништо и никој не може да ни ја одземе нашата радост сега“ – напиша Џос.
Стоун и Коди Далуз се во брак од 2022 година. Тие заедно имаат две деца (
Бебенцето, кое има само седум недели, има здравствени проблеми со белите дробови.
Џос и Коди, кој исто така е посвоен, отворено зборуваат за нивната желба за посвојување. Тие сакаат да имаат седум деца.
Џос Стоун беше во посета на Македонија во 2016 година и заедно со Каролина Гочева ја испеаја нејзината песна „Кој да ми запее“.