Ирина Шајк често е следена од папараците, па нејзините дружби со ќеркичката Леа речиси секогаш се овековечени со фотографии.
И најновото нивно излегување во студениот Њујорк беше мета на неуморните фотографи.
На фотографиите, атрактивната манекенка ја води за рака 7-годишната Леа, додека во другата рака го држи нивното кученце.
Леа е ќерка на Ирина и Бредли Купер, кои беа во врска четири години. И по нивното раскинување, тие ги делат родителските обврски и не ангажираат дадилки.