Јована и Жељко Јоксимовиќ организираа забава по повод 20-годишнината од постоењето на нивната продукција Minacord.
Славниот српски пар однесе гламур и елеганција на црвениот тепих во Белград и позираше за присутните фотографи. За оваа пригода, шармантната водителка избра креација со еден ракав.
На свечениот настан присуствуваа многу нивни колеги и соработници, како и Мина Јоксимовиќ, ќерката на Жељко од првиот брак.
29-годишната девојка носеше блескав фустан и впечатлива бунда.
Фотографии: Zeljko Joksimovic, Jovana Joksimovic, Mina Joksimovic / Instagram