Почетна » Новости » Актуелно » Северина и Нина Бадриќ за ужасниот напад во училиште во Загреб, каде со нож е убиено 7-годишно дете

Северина и Нина Бадриќ за ужасниот напад во училиште во Загреб, каде со нож е убиено 7-годишно дете

Загреб е обвиен во црно по ужасниот напад со нож во училиште од страна на 19-годишник.

Хрватските славни личности не останаа рамнодушни на веста дека тинејџер утрово повреди седум лица во основното училиште „Пречко“. За жал, едно 7-годишно дете го загуби животот, како што пренесуваат тамошните медиуми.

Северина со емотивна порака се огласи на Instagram.

„Сите нека замолчат. Едно мало ангелче одлета. Невино, не зачекори ниту во животот. Врисок, болка и бес. Неутешна. Зошто Боже? Ни останува молитва за учителката и повредените деца. Сочувство до родителите“ – напиша хрватската музичарка и сподели фотографија со ангел.

Северина

Нина Бадриќ исто така се огласи на Instagram.

„Потресена сум од монструозните и страшни настани во основното училиште ‘Пречко’. Изразувам искрено и длабоко сочувство на семејствата. Во мислите и молитвите сум со вас“ – напиша Нина и постави скршено срце до објавата.

Северина

Српската актерка Милена Радуловиќ исто така сподели скршено срце со зборот „Загреб“.

Северина

И нашата музичка ѕвезда Калиопи изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Монструозниот чин се случил во 9.50 часот утрово. Напаѓачот влегол во првата училница на којашто наишол, а таму учеле деца од прво одделение. Меѓу повредените, пет се деца, а двајца се возрасни. Сега сите се надвор од животна опасност.

Докторите се бореле за животот на повредената учителка, но операцијата поминала успешно и нејзиниот живот не е во опасност.

Порталот Index.hr пренесе дека децата наводно скокале од прозорците за да се спасат.

Напаѓачот бил уапсен откако се обидел да се самоубие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.