Почетна » Новости » Музика » Нов празничен хит: Дац и Александар со Виолета Томовска ја преработија „Заиграј со мене“

Нов празничен хит: Дац и Александар со Виолета Томовска ја преработија „Заиграј со мене“

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски освојуваат со нова соработка која ќе биде хит во овој празничен период кој следува.

Македонското музичко дуо заедно со легендарната Виолета Томовска направи преработка на песната „Заиграј со мене“, како предновогодишна честитка за сите нас.

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски со Виолета Томовска

Музичка предновогодишна честитка за сите вас - од нас. Срце да ви заигра.

Во чест и сеќавање на големиот автор и човек Милан Завков кој ја напиша музиката на оваа вечна песна ‘Заиграј со мене ти’ со текстот на кралицата на македонската песна Виолета Томовска.

Посакавме и ја вративме Виолета на сцената, затоа што таа тоа го заслужува. Се ближи нејзиниот 80-ти роденден па сакаме со оваа нова верзија да ѝ посакаме, а и на сите вам убави желби за здравје во престојните празници и многу љубов во новата 2025. Навистина бевме фасцинирани од нејзината енергија, волја и љубов со која се вклучи.

Голема благодарност до целата екипа што ни го овозможи сето ова. Пред се огромна благодарност до семејството Завкови и семејството на Виолета што ни дадоа целосна поддршка во оваа идеја.

Да си ги чуваме нашите легенди и величини, да носиме љубов и позитивна енергија затоа што ‘Животот знаеш краток е, денес сме сите, утре не’.

Токму на овој ден и славата Св. Никола, споделете ја оваа музичка честитка со вашите пријатели. Да ја шириме љубовта насекаде.

Ве сакаат Виолета, Дац и Александар

Видео:

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски со Виолета Томовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.