Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » Од што се плашат мажите?

Од што се плашат мажите?

Општо прифатено е дека мажите го претставуваат посилниот пол. Можеби затоа што тие се навикнати да ги кријат своите стравови, особено ако се во друштво на жена. За мажите, покажувањето на знаци на страв е исто како покажување на знаци на слабост, па прават сè што е во нивна моќ да ги сокријат.

Замислен мажКолку и да се силни мажите, сепак потиснуваат многу стравови и честопати се вознемируваат поради нив.

Колку и да се силни мажите, сепак потиснуваат многу стравови и честопати се вознемируваат поради нив. Следуваат некои од најчестите стравови на мажите, кои тие ретко признаваат дека ги имаат.

Стравови поврзани со сексот

Мажите се многу несигурни во себе кога станува збор за сексуалниот живот, па затоа најчесто нивните стравови се поврзани со него.

  • Страв дека не можат да ја задоволат својата партнерка. Многу мажи се плашат дали ќе можат сексуално да ја задоволат својата партнерка. Тоа кај нив предизвикува чувство на несигурност и чувство дека се лоши љубовници. Дополнително кон овој страв влијае и фактот што жените поретко доживуваат оргазам.
  • Страв од предвремена ејакулација. Водени од желбата да ѝ достават поголемо задоволство на својата партнерка, мажите се плашат дека времето од појавата на ерекција до ејакулацијата може да биде премногу кратко.
  • Страв од загуба на ерекцијата. Ова е еден од најголемите стравови на мажите. А најлошото е што ако постои овој страв, многу поголема е веројатноста и дека ќе стане реалност, затоа што стресот и несигурноста се најголеми непријатели на машката ерекција.

Овие стравови ја убиваат страста во спалната. Сè додека мислите од овој тип доминираат во нивната глава, мажите не само што нема да успеат да ја задоволат својата партнерка, туку нема ниту тие да уживаат.

Стравови поврзани со обврзувањето

Обврзувањето за мажите значи и губење на слободата, а мажите си ја сакаат и уживаат во нивната слобода, па затоа се појавува одбивност кај нив кон сериозните врски и обврзувањето.

  • Страв да ги признаат чувствата. Мажите често ги кријат своите чувства за да не излезе дека се премногу романтични и нежни, затоа што во таков случај се смета дека губат дел од машкоста. Тие мразат кога треба да ги изговорат зборовите „те сакам“, затоа што стравуваат дека нема да им биде возвратено и дека ќе останат повредени. Затоа, често не преземаат ништо за да признаат дека чувствуваат нешто повеќе. Тоа им е еден вид заштитен механизам за да не останат со скршено срце.
  • Да го изгубат личното пространство. Сигурно сте биле сведоци на врски во кои жената сака да го контролира мажот во секој поглед откако ќе се обврзат. Многу жени се обидуваат да му наметнат нов начин на живот на својот партнер. Во таков случај, мажите чувствуваат дека губат дел од нивната индивидуалност, од нивното лично пространство и токму поради тоа го мразат обврзувањето.
  • Страв дека мора да бидат со една жена до крајот на животот. Мажите се преплашуваат од помислата дека треба да се ограничат и да бидат само со една жена во текот на целиот живот.

Стравови поврзани со надворешниот изглед

Колку и да ви превртуваат очи кога ќе ги запрашате „дали овие фармерки ме прават дебела?“, мажите не се ништо подобри кога станува збор за физичкиот изглед и кријат многу стравови.

  • Да оќелават. Еден од најголемите кошмари на мажите е да ја изгубат својата коса. Особено преокупирани со овој проблем се мажите кои забележале дека нивниот татко повеќе нема потреба од чешел. Милиони мажи низ светот користат различни продукти со цел да го спречат опаѓањето на косата.
  • Да се здебелат. Не си мислете дека само вие имате комплекси од ставањето на некое килце. И мажите се свесни дека кога се во форма им се попривлечни на жените и дека жените не сакаат мажи со „пивски“ стомак. Сè повеќе мажи држат диети и посетуваат фитнес сали.

Стравови поврзани со неговата машкост

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.