Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 18 знаци дека сте во среќна врска исполнета со љубов

18 знаци дека сте во среќна врска исполнета со љубов

Градењето на среќна и стабилна врска во која не недостигаат љубов и страст е уметност – сите го посакуваат крајниот резултат, но многумина не вложуваат доволно за да го развијат сопствениот талент и да ја создадат. Здравите и успешни врски не се градат врз лажни ветувања, нереални очекувања, манипулации и уценувања, туку се темелат на доверба, почит, разбирање, поддршка, грижа и искреност.

Да имате врска исполнета со љубов значи да сте со партнер кој ќе ве сака такви какви што сте, кој со гордост би ве покажал пред светот дури и кога сте во пижами, кој би жртвувал од својот сон за да ве гледа додека спиете, кој грижливо ќе го бакнува вашето чело за добра ноќ без да ве разбуди, а и вие со задоволство ќе му возвраќате во иста мера.

Среќен пар

Да, секоја врска е различна и специјална, но среќните врски многу наликуваат една на друга. Во нив се кријат знаците кои се секојдневен доказ дека љубовта, разбирањето, страста, почитта сепак можат да виреат без пречки на едно место. Еве дел од тие знаци:

  1. Тој го буди детето во вас и секогаш знае како да ве насмее. Има многу моменти кои ги помните само по болката во стомачните мускули предизвикана од гласното смеење до солзи со него.
  2. Имате слатки љубовни прекари кои само вие си ги знаете. Интересните и романтични обраќања како „жапче“, „срце“ се типични за среќните заљубени парови.
  3. Кога сте со него се чувствувате како ништо да не може да ве повреди. Неговото присуство ви дава сила да застанете сами против светот. И да победите.
  4. Ретко си кажувате лаги, но не сте ни безобразно и свирепо искрени еден кон друг. Знаете дека некои нешта треба да се премолчат и некои вистини да се заобиколат.
  5. Секој има свој личен живот и приватност која другиот ја почитува. Зборот шпионирање никогаш не е поврзан со вас.
  6. Не ни ви паѓа на ум да ја споредувате вашата врска со врската на вашата пријателка, сестра, колешка...
  7. Не се задушувате еден со друг со опсесивна љубов и љубомора. Двајцата знаете дека никој не може да ја разгорува искрената љубов и страста ако живее во сенка, без простор во кој може слободно да дише.
  8. Со него секогаш се чувствувате секси, т.е. тој прави да се чувствувате секси дури и кога сте по пижами и со разбушавена коса.
  9. Понекогаш се чувствувате по малку зависни од него, од неговото присуство.
  10. Тој е првата личност со која ги споделувате добрите вести. И тој со нетрпение чека да ве израдува со неговите.
  11. Но, тој е и вашето рамо за плачење. Нему можете да му кажете сè – вашите грижи, стравови, лоши искуства, а тој не се плаши да ги покаже пред вас своите слабости и понекогаш своите солзи.
  12. Расправиите не се реткост, но секогаш завршуваат со искрени насмевки, страсни бакнежи и силна прегратка. Не е толку важно дали ќе успеете секогаш да стигнете до компромис (некогаш вие ќе попуштите, некогаш тој ќе остави работите да се одвиваат како што сакате вие), колку што е важно на крајот од кавгата да ги заборавите неколкуте пролеани солзи и острите зборови и да се потсетите колку е важна вашата љубов.
  13. Не чувствувате ама баш никаква потреба да ја „пласирате“ вашата љубов на Facebook. Интимноста е света за вас, а приватните моменти и убавите зборови ги чувате само помеѓу вас двајцата. Убедени сте дека не мора да бидете омилените заљубени гулапчиња на Facebook за да ја сметате вашата врска за целосна.
  14. Ги признавате своите грешки и не се срамите да се извините кога сте виновни. А ни тој не го избришал од својот речник тешкото за изговарање „извини“.
  15. Низ тешките мигови минувате заедно, фатени за рака. Вашите проблеми се и негови, неговите стануваат и ваши. Не се разделувате на „ти“ и „јас“ кога пред вас има пречка и единствена опција која ја прифаќате е да преминете преку препреките како „ние“.
  16. Се чувствувате комфорно кога сте заедно, дури и во моментите кога царува тишината и не правите ама баш ништо. Не се чувствувате непријатно кога разговорите ќе секнат и не чувствувате здодевност кога неактивно лежите еден покрај друг.
  17. Не ве плашат моментите кои ги минувате далеку еден од друг. Потполно му верувате и сте убедени дека тој не би направил ништо што би ве повредило. Исто и тој не чувствува паника кога имате женска вечер или кога сте сами на некое патување.
  18. Понекогаш правите жртви еден за друг. Се крие многу љубов, благородност и грижливост во тоа да правите нешто кое го мразите за доброто на оној кого го сакате. Се разбира, тоа важи кога жртвувањето не ви штети вам и не се коси со вашите принципи и морални норми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.