Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 11 начини да кажете „Те сакам“ без да кажете ниту збор

11 начини да кажете „Те сакам“ без да кажете ниту збор

„Те сакам“ – два збора кои имаат моќ да ни го променат животот, да ни ја разубават врската и да нè поврзат со партнерот на повисоко ниво. Дали се сеќавате кога за првпат ги слушнавте љубовните зборови од вашиот партнер? Можеби тоа беше најубавиот момент во вашиот живот, или можеби најромантичниот, но сигурно не беше моментот во кој помислувавте дека некогаш овие зборови ќе звучат излитено.

Кога зборовите се кажани по стоти пат, понекогаш ја губат својата сила и се претвораат само во механички фрази. Долгогодишните партнери знаат дека зборовите „Те сакам“ со текот на времето се изговараат по автоматизам и стануваат само рутински. А, кога зборовите немаат толкаво значење, на сцената стапуваат љубовните гестови. Всушност, делата секогаш зборуваат погласно од зборовите. Тие можат на молскавичен начин да ја докажат љубовта, да измамат насмевка на лицето на партнерот и да ја подобрат врската.

Те сакам

Сакате да ја покажете својата љубов кон партнерот на поразличен начин од рутинското изговарање на зборовите „Те сакам“? Следниве гестови ќе ви помогнат да го сторите тоа:

  1. Подарете му топла прегратка кога не ја очекува. Прегрнете го кога тој најмалку очекува, па дури и кога не заслужува да биде прегрнат. Физичките гестови се многу поефективни од вербалните. Ставањето на вашите раце околу неговото тело кога тој не очекува, неизбежно говори за вашата љубов кон него.
  2. Облечете го фустанот во кој обожава да ве гледа. Секогаш го добивате комплиментот „најубава на цел свет“ кога носите одреден фустан? Кога сакате да му кажете дека ви значи, доволно е само да го облечете. Глетката ќе му кажува повеќе отколку вашите зборови.
  3. Смејте се на неговите шеги, иако ги слушате по стоти пат. Не му велете „Ми го имаш кажано ова“ и оставете го да ја доврши започнатата шега. Насмевнете се за да ја потврдите својата љубов кон него.
  4. Направете мала жртва за него кога тој не го бара тоа од вас. Иако гледањето фудбал, игрите со карти и посетувањето на спортски натпревари не се дел од вашите омилени активности, следниот пат изненадете го и согласете се да ги вметнете во вашиот презафатен ден. Дали некогаш сте ја жртвувале сопствената среќа за да измамите насмевка на лицето на партнерот? Тоа е најчистиот и најискрениот начин да кажете „Те сакам“.
  5. Понудете го своето „трпеливо“ уво. Слушајте го без да го прекинувате дури и кога темата на која зборува е крајно здодевна. Тој знае дека некои теми не го будат вашиот интерес, но има потреба да биде ислушан. Пружете му го тоа задоволство и направете да се чувствува сакано.
  6. Не ги заборавајте малите нешта кои многу значат. Магијата е во деталите. Станете порано и разбудете го со мирисот на утринско кафе или дајте му подарок кој сами сте го изработиле. Малите гестови многу значат и се добар доказ за вашата љубов.
  7. Бакнете го на очните капаци за добра ноќ. Нежниот бакнеж на очите несомнено ја пренесува љубовната порака и ќе му донесе сигурност и спокојство на вашиот партнер.
  8. Згответе му го омиленото јадење кога е нерасположен. Дали вашиот сакан ви ја предава негативната енергија кога е нерасположен? Следниот пат не му дозволувајте. Наместо тоа, вие дајте му дел од вашата позитивност. Пригответе го јадењето кое го обожава и изненадете го. Така ќе се почувствува специјално.
  9. Подарете му масажа по напорниот работен ден. Овој љубезен гест ја докажува вашата грижа за него. Масажата не само што ќе донесе позитивна промена во неговото расположение, туку е прекрасна и релаксирачка замена за љубовните зборови „Те сакам“.
  10. Прегрнете го одназад додека гледате телевизија. Да, ќе ви биде многу покомфорно ако лежите опуштено подалеку еден од друг, но тоа нема да го затопли вашето срце. Прегрнете го и дозволете грижливата прегратка да зборува за вашата љубов.
  11. Остварете му сексуална фантазија. Мажите го обожаваат сексот, па искористете го како средство за пренесување на вашата љубовна порака. Исполнете му еротска фантазија и насмевката на неговото лице ќе ви каже дека ја добил пораката.

Имате ваш предлог?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.