Почетна » Убавина и мода » Тело » Секси рамномерен тен со помош на крем за самопотемнување

Секси рамномерен тен со помош на крем за самопотемнување

Се чувствувате попривлечно кога имате бронзен тен? Не сте единствени. Милиони луѓе низ светот го обожаваат бронзениот тен и со душа го чекаат летото за да „фатат“ малку боја. А додека дојде време за летниот одмор, многу од нив се обидуваат да добијат потемен тен по вештачки пат.

Кремовите за самопотемнување овозможуваат да добиете бронзен тен без да се изложувате на штетните сончеви зраци или да лежите во опасните солариуми. Кремовите се безбеден избор за добивање на секси тен, но имаат и свои негативни страни – добиениот тен трае само неколку дена, а постои и ризик да завршите со непријатни флеки по телото.

Жена со бронзен тенКремовите за самопотемнување можат да ви дадат привлечен рамномерен бронзен тен

За да извлечете максимален ефект од кремовите за самопотемнување и да добиете што поприроден изглед, треба да се придржувате кон следните мали правила:

  1. Подгответе ја кожата со ексфолијација и туширање. Најважниот чекор за добивањето на привлечен рамномерен тен е ексфолијацијата. Влезете под туш и со помош на пилинг отстранете го мртвиот слој на кожата. За најдобри резултати користете луфа или ракавица за ексфолијација. Благодарение на оваа постапка ќе ја избегнете појавата на флеки. Поголемо внимание посветете им на лактите, колената и глуждовите.
  2. Не се мачкајте со крем за самопотемнување во бања во која има пареа. Или почекајте пареата целосно да исчезне, или одете во друга просторија.
  3. Исушете ја кожата целосно и почекајте да се излади. По туширањето почекајте барем 15 минути за вашата кожа целосно да се исуши и да олади.
  4. Мачкајте се со кружни, мали и нежни движења. Издвојте си повеќе време и не брзајте, бидејќи наглите брзи потези може да ви донесат нерамномерен тен и непријатни линии. Нежно нанесувајте мали количини крем и разнесувајте го со кружни движења.
  5. Започнете од нозете, па движете се нагоре. Ако се намачкате прво на стомакот и грбот, кога ќе се наведнувате за да ги мачкате нозете ќе се насобере подебел слој крем на местата каде што ќе се „збрчка“ кожата на стомакот и тоа може да ви донесе непосакувани шари. Затоа, прво премачкајте ги нозете, а потоа преминете на горниот дел од телото.
  6. За лактите, колената и глуждовите, разредете го кремот. Една од најчестите поплаки на жените е дека овие кремови предизвикуваат драстично потемнување на кожата на лактите, колената и глуждовите. Причината за тоа е што на овие делови од телото кожата е сува и впива поголемо количество крем. Но, и за ова има решение. Едноставно помешајте еднакви количества крем за самопотемнување и хидратантен крем и таквата смеса користете ја за премачкување на овие проблематични делови. Исто така, пожелно е по туширањето да ги премачкате овие делови од телото со обичен хидратантен крем.
  7. Мијте ги рацете на секои 5 минути. Не го заборавајте ова важно правило ако не сакате наредниот ден да шетате со „валкани“ раце со темни флеки.
  8. За грбот побарајте помош. Скоро е невозможно сами да успеете рамномерно да го премачкате грбот, па затоа побарајте помош од блиска пријателка или од член на вашето семејство. Ако сепак одлучите да се мачкате сами, користете сунѓер.
  9. Откако ќе завршите со премачкувањето, измијте ги темелно рацете. Поголемо внимание обрнете ѝ на кожата меѓу прстите. За да го отстраните кремот којшто се натрупал под ноктите, користете мала четка или стара четка за заби.
  10. За крај, со сунѓерче премачкајте го горниот дел на рацете. Многу жени брзаат веднаш да ги измијат рацете за да не им станат темни и потоа забораваат да финишираат со премачкување на надворешниот дел меѓу зглобот и прстите. Таквиот пропуст може да доведе до појава на видлива граница кај зглобовите на рацете. За да го избегнете тоа, премачкајте го овој дел со помош на мало сунѓерче. Така нема да има потреба повторно да ги миете рацете. Препорачливо е да користите сунѓерче и за горниот дел на стапалата.
  11. Останете голи 20-30 минути. Потребно е да почекате кремот да се впие во кожата. Така максимално ќе ја заштитите облеката од флеки. Но, треба да знаете дека и покрај чекањето, можно е да се појават дамки на облеката или пак на чаршафите ако се мачкате пред спиење.
  12. Не се туширајте во период од 6 часа по мачкањето. Повеќето жени претпочитаат да се мачкаат со крем за самопотемнување навечер пред легнување. Тоа е и добра идеја затоа што кремот ќе може да дејствува во текот на ноќта.

Дополнителни совети:

  • Секојдневно ексфолирајте ја кожата 3-4 дена пред користењето на кремот. Само во таков случај ќе можете да бидете сигурни дека целосно сте се ослободиле од мртвите клетки на кожата.
  • Секојдневно користете млеко за хидратација 5 дена пред користењето на кремот. Со тоа ќе ја омекнете кожата и ќе овозможите полесно нанесување на кремот за самопотемнување.
  • Депилирајте се или бричете се 24-48 часа пред нанесувањето на кремот. Така ќе ја избегнете потенцијалната иритација на кожата.
  • Пред употреба на кремот, направете тест. Намачкајте се со кремот на мала површина на кожата и почекајте неколку часа. Ако нема никаква несакана реакција, можете да продолжите со употребата.
  • За лицето користете крем наменет за лице. Иако некои жени немаат никаков проблем кога ќе употребат ист крем и за телото и за лицето, ако имате проблеми со акни или ако имате чувствителна кожа, препорачливо е да користите крем наменет за лице.
  • Кремовите за самопотемнување не се заштита од сонце. Кога и да се изложувате на сонце, треба да користите крем со заштитен фактор поголем од 15.

Помош при појава на темни флеки

Негативната страна на кремовите за самопотемнување е што кријат ризик за појава на темни флеки. Ако ви се случи тоа, натопете памучен тампон со сок од лимон и истријте ја кожата. Многу жени тврдат дека помага употребата на мало количество сода бикарбона како пилинг или паста за заби.

Доколку имате темни портокалови флеки на рацете, можете да искористите малку хидроген за да ја обелите кожата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19748 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.