Кремот со заштитен фактор е задолжителен на плажа, но најголем дел од луѓето го прескокнуваат кога секојдневно се изложуваат на сончевите зраци. Сонцето не поштедува. Силните зраци ја оштетуваат кожата, а последиците често се невидливи за голото човечко око.

Томас Леверит со ултравиолетова камера им покажа на случајни минувачи колку нивната кожа е оштетена од сонцето. За разлика од кожата на возрасните, детската кожа изгледа беспрекорно. На крајот на видеото е покажано како кремот со SPF ги блокира УВ-зраците.