Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Домашни лекови за изгореници од сонце

Домашни лекови за изгореници од сонце

Кога станува збор за изгорениците од сонце, важи изреката: „Подобро е да се спречи, отколку да се лечи“. Превенцијата е најдобриот начин да се заштитите од краткотрајните последици како црвенило, болка или меури, но исто така и да го намалите ризикот од долготрајни оштетувања на кожата или рак.

Изгорениците од сонце настануваат како резултат на предолго изложување на сончевите зраци, без или со недоволна заштита. Многу е едноставно додека сте на плажа да заборавите да го обновите заштитниот слој крем по излегувањето од водата или забавувајќи се да си кажете дека сонцето не е доволно силно за да ви наштети и целосно да го прескокнете кремот со заштитен фактор (SPF).

Жена со изгореници од сонцеПревенцијата е најважна кога се работи за изгореници од сонце

Првите симптоми се зацрвенување на кожата, силна топлина, чувство на пецкање и непријатна болка дури и при најнежен допир. Кога ќе ги забележите овие симптоми, веднаш изолирајте се од сонцето и започнете со соодветна нега на зацрвенетата кожа.

Следниве домашни лекови кои можат да ви помогнат да ги ублажите изгорениците од сонце:

  • Алое вера. Гелот од алое вера има неверојатен ефект врз кожата – ја хидратира, разладува и смирува кожата и го намалува воспалението. Токму поради тоа е и меѓу неколкуте природни лекови на изгореници кои најмногу се препорачуваат од експертите. Купете гел со алое вера и нанесете го на зацрвенетата кожа. Во најдобар случај, скинете лист алое вера, скршете го и премачкајте се со течноста. Веднаш ќе почувствувате олеснување.
  • Облоги со млеко. Во сад измешајте половина чаша млеко и 2 чаши вода, а додајте и неколку коцки мраз. Натопете една газа во течноста и поставете ја на изгорената кожа. Маснотијата од млекото ќе помогне за омекнување на кожата, мразот ќе помогне за ладење, а ваквите облоги ја намалуваат и болката и потребата за чешање. Не нанесувајте млеко ако имате меури по кожата.
  • Кисело млеко. Ладното кисело млеко е популарен народен лек за изгореници од сонце. Намачкајте ја кожата и веднаш ќе го почувствувате ефектот на ладење и намалување на болката.
  • Јогурт и масло од лаванда. Во две чаши јогурт капнете 4-5 капки масло од лаванда. Со памучен тампон или со газа нанесете од смесата на сончаната кожа. Јогуртот моментално ќе ја излади, а лавандата ќе ги намали иритацијата и црвенилото.
  • Овесна бања. Овесната каша има антивоспалително дејство. Легнете во када полна со млака вода и додајте овесни снегулки. Најдобро е да ги ставите овесните снегулки во блендер за да ги претворите во прав. Исто така, можете да направите паста од овесна каша и да ја нанесете врз кожата. Наједноставно ќе ви биде да завиткате овесна каша во газа. Така ќе го избегнете нередот.
  • Јаболков оцет. Јаболковиот оцет помага затоа што делува како антисептик и ја лади кожата додека испарува.
  • Ладни облоги и ладен туш. Натопете крпа или газа со ладна вода и ставете ја врз црвената кожа или често одете под туш со ладна вода.
  • Домати. Направете смеса од домати и нанесете ја на изгорената кожа.
  • Зелен чај или камилица. Сварете зелен чај или чај од камилица. Оставете го да олади и со нежна крпа мачкајте ги сончаните места по телото. Исто така, можете да ги ставите кесичките чај директно на кожата.

Се смета дека може да си помогнете и со:

  • Мед. Медот има антибактериско дејство и докажано е дека помага во зараснувањето на рани по кожата.
  • Крем за бричење. Да, навистина звучи чудно, но во многу кремови за бричење има состојки кои ја ладат кожата и ќе направат да се чувствувате подобро.
  • Сода бикарбона. Направете раствор од сода бикарбона и вода и со памучен тампон нанесете го на кожата. Овој раствор помага затоа што создава алкална средина, а има и антисептични својства.

Совет

Веднаш откако ќе забележите дека сте претерале со сончањето, напијте се аспирин. Колку порано, толку подобро. Аспиринот ја намалува болката, а може и да го намали воспалувањето на кожата. Не им давајте аспирин на мали деца или на тинејџери. Пијте многу вода, бидејќи е важно да не дозволите телото да дехидрира.

!

Предупредување:
Ако имате меури на кожата, покачена телесна температура, вртоглавица или силна главоболка, консултирајте се со лекар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.