Почетна » Новости » Истражувања » Жените кои се сончаат живеат подолго?

Жените кои се сончаат живеат подолго?

Водечки шведски научник тврди дека жените кои редовно се сончаат живеат подолго.

Хакан Олсон, кој се смета за еден од најдобрите специјалисти за карцином, изјавил дека сонцето има многу повеќе позитивни ефекти врз здравјето отколку негативни.

Според него, витаминот Д, кој се создава во телото кога тоа е изложено на сонце, е неопходен во заштитата од згрутчување на крвта, дијабетес и некои видови на тумор.

Жена што се сончаШведски научник тврди дека сонцето има повеќе позитивни отколку негативни ефекти вез здравјето

Професорот Олсон во своето излагање пред Шведската асоцијација за медицина се повикал и на резултати од други истражувања со кои било докажано дека многу повеќе пациенти се дијагностицирани со дијабетес во зима отколку во лето, феномен кој се појавува поради недостигот на витамин Д. Се верува и дека длабоката венска тромбоза е пораспространета во зима отколку во лето.

За да дојде до тие заклучоци, Олсон направил истражување со 40 000 жени. Тој ја проучувал врската помеѓу навиките за сончање и појавата на болести како меланом, дијабетес и болести на срцето.

„Нашите истражувања покажуваат дека жените кои активно се сончаат живеат подолго. Јас и многу други веруваме дека можеби има други фактори освен сонцето кои влијаат на ризикот од меланом“ – изјавил проф. Олсон.

Сепак, според многу експерти, доказите дека витаминот Д заштитува од рак и срцеви болести се неубедливи. Иако сончањето до одреден степен е корисно, тие предупредуваат да не се претерува и особено да се пазат луѓето со светол тен и луѓето кои имаат пеги и бенки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.