Почетна » Семејство » Дете » Зошто да ја заборавите воспитната шлаканица

Зошто да ја заборавите воспитната шлаканица

Повеќето родители признаваат дека понекогаш ги удираат своите деца со цел да им укажат дека некоја постапка е грешна. Навистина, таквиот метод за воспитување може да има краткотраен ефект, но тоа не го учи детето на самодисциплина и не го упатува во правилната насока.

воспитна шлаканицаИако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака.

Противниците на овој метод сметаат дека удирањето на детето е само излив на лутина од родител кој изгубил контрола врз своето најмило и не знае што друго да направи.

Иако некои родители ја одобруваат воспитната шлаканица и сметаат дека е ефективен начин за воспитување на детето, таквиот начин на воспитување им предава на малите деца погрешна порака.

Еве неколку причини зошто не треба да ја употребувате силата на вашата рака во воспитувањето.

  1. Го учите детето дека е во ред да се користи насилство. Секогаш кога две дечиња се караат и едното посегне со рака по другото, веднаш ќе слушнете родителски глас кој ќе започне да им објаснува дека не е во ред физичкото насилство.
    Сепак, делата се поважни од зборовите. Ако истиот тој родител по одредено време крене рака на детето, тоа ќе научи погрешна лекција. Детето ќе запамети дека секогаш кога некој друг прави нешто што не му се допаѓа, треба да го удри.
    Насилството почесто се појавува кај оние луѓе кои биле удирани како мали. Повеќето родители кои ја практикуваат воспитната шлаканица, го научиле овој начин на воспитување од своите родители. Истражувањата покажаа дека дури 25% од луѓето кои како мали биле удирани, кога пораснале станале насилни кон својот партнер.
  2. Со секоја шлаканица вие му создавате страв. Воспитниот ќотек може да направи вашето дете да се плаши од вас и не да ве почитува и слуша. Детето исто така може да се чувствува понижено и со тоа да го оттурнете од себе. Доколку тоа се случи, потоа дури и применувањето на воспитен разговор од ваша страна нема да може да придонесе за ефективно воспитување.
  3. Воспитното удирање ја уништува вашата врска со детето. Ако често го удирате своето дете, тоа ќе започне да има силни негативни чувства кон вас. Затоа, треба да применувате понежни и вербални методи за воспитување. Кога детето ќе порасне и ќе биде сè подалеку од вас, единственото нешто преку кое ќе можете да го држите во правилна насока ќе биде вашата врска.
  4. Со секој удар ја намалувате неговата самодовербата. Удирањето предизвикува и физичка и психичка болка. Ниската самодоверба може да придонесе вашето дете подоцна да развие антисоцијално однесување и повлекување во себе.
  5. Шлаканиците не го учат кое однесување е правилно. Доколку по неговото недолично однесување вие решите да употребите воспитна шлаканица, вашето дете ќе сфати (барем краткотрајно) дека тоа што го направило е грешно. Но, на таков начин вие не му кажувате кое однесување е правилно. Вие само му укажувате на грешката, без да му кажете како да ја поправи.

Ако сакате да го казните своето дете поради лошо однесување, можете да му скратите од привилегиите (видео игри, гледање ТВ) или да го задржите некое време во соба каде нема ништо интересно за правење. Постојат многу други начини да успеете да го воспитате вашето дете, па затоа избегнувајте го ќотекот како метод за воспитување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.