Почетна » Семејство » Дете » 30 животни лекции кои секоја мајка треба да ѝ ги предаде на својата ќерка

30 животни лекции кои секоја мајка треба да ѝ ги предаде на својата ќерка

Секоја врска мајка-ќерка е комплексна, магична и уникатна како снегулка. Мајките можат да сочувствуваат со своите „принцези“, да прочитаат со поглед од каде доаѓаат нивните солзи или прикриени насмевки, да ги истрпат нивните „хистерични“ испади, но и цврсто да се исправат пред нив за да им одржат драгоцени лекции.

Мајка и ќерка

Па, што треба секоја мајка да ја научи својата наследничка? Листата е бесконечна, но од некаде мора да се почне...

  1. Секогаш биди смела и љубопитна, понекогаш биди себична, а никогаш наивна.
  2. Ќе добиваш искрени комплименти, но и ласкања кога некој сака да те искористи. Научи да ги разликуваш едното од другото.
  3. Не се стреми да изгледаш како девојките од списанијата и рекламите. Тие не се реални. Кожа без пори? Смешно. Игнорирај ги малите несовршенства, сите ги имаме. Совршенство не постои, но ти за некои личности (како мене) си совршена.
  4. Кога ќе здогледаш привлечна дама, дај ѝ комплимент. Не биди како девојките/жените кои злобно би ѝ барале маани. Омаловажувањето на другите не ја зголемува твојата вредност. Напротив.
  5. Феминистка не е лош збор.
  6. Кавалерството не е мртво. Избери животен сопатник кој ќе те почитува, кој ќе ти ја отвора вратата и ќе те гледа со искра во очите додека зборуваш за твоите страсти и интереси.
  7. Ако маж те почести пијачка или вечера, не се чувствувај како да му должиш нешто.
  8. Не се правдај за твојот вкус за музика, филмови, облека. Пиј пиво ако сакаш пиво, пиј виски ако сакаш виски, пиј „Космополитен“ ако сакаш „Космополитен“. Велат за вкусови не се расправа. Обожаваш романтични комедии? Кој вели дека треба да уживаш во електронска музика? Слушај ја музиката на која сакаш да танцуваш, гледај ги филмовите кои те восхитуваат и носи се во стил кој ти ја негува самодовербата. Не дозволувај стереотипите и туѓите очекувања да го диктираат твојот вкус.
  9. Носи го со гордост секој твој килограм ако си среќна со фигурата. Ако не си, не го чекај утре или понеделник или 1-ви за да преземеш нешто.
  10. Луѓето ќе те разочаруваат, ќе ти биде скршено срцето, многупати ќе рониш солзи, но ќе ти биде подобро. Времето чоколадото лечи сè.
  11. Никогаш нема да бидеш 100% сигурна дека дојде вистинското време за брак или за дете. Не чекај да дојде совршениот ден, планирај малку повеќе и едноставно скокни во таа авантура.
  12. Научи да велиш „НЕ“. И тоа е одговор. Не дозволувај луѓето да ја искористуваат твојата добрина.
  13. Не се чувствувај принудена да се извинуваш за тоа што си рекла „НЕ“. Независно дали одбиваш додворувач, шеф или упорен продавач, кажи „НЕ“ без дообјаснување и извинување. Понекогаш луѓето претеруваат со нивните барања. Стој зад твоите одлуки без чувство на вина.
  14. Но, не прифаќај „НЕ“ како одговор кога се работи за нешта кои ги сакаш. Биди упорна, не се откажувај од првата затворена врата или од првото одбивање. Продолжувај да се бориш со сите сили, независно што има наспроти тебе.
  15. Не се споредувај со никого. „Ти“ си своја и уникатна личност. Почитувај го тоа и гордеј се.
  16. Тебе како личност не те дефинира ниту една бројка – ниту бројката која ја кажува возраста, ниту бројката на вагата, ниту бројката во банката, ниту бројката на партнери... Ти си многу повеќе и ако некој не го гледа тоа, не заслужува место во твојот живот.
  17. Научи се да готвиш барем 2-3 јадења како професионален готвач. Има ли поголемо задоволство од тоа да ги гледаш пријателите, семејството или саканиот како задоволно се насладуваат на твоите специјалитети? Верувај, нема да зажалиш.
  18. Екстремните диети никогаш не се добра идеја. Научи ја од другите големата грешка изгладнување.
  19. Никогаш нема да можеш да го заборавиш твоето прво момче, па дај си слобода да бидеш пребирлива. Без притисоци од околината. Следи го твоето срце, но дозволи му да дојде до збор и на разумот.
  20. Не го разголувај твоето тело за да привлечеш внимание. Можеш да зрачиш со сексапил и кога е прекриен со облека секој сантиметар од твоето тело.
  21. Не им давај детален извештај на пријателките за твојата љубовна врска, сексот или проблемите со партнерот. Не им давај на луѓето камења со кои еден ден може да те удрат по глава. Чувај си го интимниот живот зад завеси.
  22. Не озборувај и не ги исмејувај другите само за да се вклопиш во одредено друштво. Секој води своја битка со животот, запомни го тоа.
  23. Кога некој се обидува да те сопне додека трчаш кон успехот или да те растажи во најсреќните моменти, само насмевни се и одмини го. Таа личност не го заслужува твоето внимание, а уште помалку твоите солзи.
  24. Читај книги, многу книги. Ќе се релаксираш, ќе се едуцираш, ќе се усовршуваш како личност. Читај биографии и автобиографии. Тие ќе те инспирираат, мотивираат и ќе ти откриваат многу тајни за животот.
  25. Елоквентноста ќе те однесе далеку. Збогатувај го твојот активен речник. Префинетото изразување ќе ти помогне да победиш во многу битки.
  26. Волшебна стилска формула: Црно фустанче + црвен кармин = инстантен безвременски гламур.
  27. Во ред е да имаш свои тајни и покрај тоа што ќе ме боли кога криеш нешто од мене. Не мора да го знам секој детаљ од твојот живот. Сè додека си среќна, се гордееш со она што го правиш и се движиш по вистинскиот пат, јас ќе стојам зад црвените линии кои ќе ги нацрташ.
  28. Нема ништо лошо во тоа да не се согласуваш со луѓето. Изгради свои ставови и вредности и не плаши се да ги споделиш. Само запомни дека некогаш и другите нема да се согласуваат со тебе.
  29. Каде и да те однесе животот, не заборавај од каде потекнуваш.
  30. Ти секогаш ќе бидеш моја ќерка. Секогаш ќе бидам тука за тебе. Мојот дом е и твој. Засекогаш.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.