Почетна » Семејство » Дете » 25 причини зошто вашата мајка ви е прва и најдобра пријателка до крајот на животот

25 причини зошто вашата мајка ви е прва и најдобра пријателка до крајот на животот

МАЈКА. Еден збор, илјадници спомени и бескрајни емоции.

Дали постои личност на која повеќе ѝ верувате од жената која ви го посветила својот живот, жената која е ваша прва учителка, ваш најсилен навивач, но и ваш најжесток критичар?

Да, сигурно имате многу пријателки, но ниту една не ве познава подобро одошто личноста која ве донесе на овој свет и ниту една од нив не се бори за вашата среќа како вашата мајка. Престанете да трагате по доверливи пријателки, бидејќи најдоверливата е токму под вашиот покрив.

Мајка и ќерка

Еве зошто слободно можете да ја наречете мајка си своја прва и најдобра пријателка:

  1. Таа се заљуби во вас на денот на вашето раѓање, но и вие во неа. Кога вие се родивте, вашата мајка почувствува дека ја доби својата сродна душа, иако вие сè уште не бевте свесни дека ја добивте својата. Таа се заколна дека засекогаш ќе биде покрај вас и нема намера да го прекрши своето ветување.
  2. Знае што мислите уште пред да ја отворите устата. Вие сте отворена книга за неа. Потребен ѝ е само еден поглед за да ѕирне во вашата душа и да ја прочита приказната која не сакате да ѝ ја раскажете. Има ли поголем доказ за вашето неповторливо пријателство?
  3. Таа е единствената личност која може да ги голтне сите ваши навреди и напади на бес. Без да остави ни трага од нив во своето срце. Ако некој знае искрено да опрости и да заборави, тогаш тоа е жената која ви подарила живот. Таа ви го ветила тоа уште додека го галела својот труднички стомак, а сега го исполнува.
  4. И е ваш најгласен навивач. Мајка ви е личноста која најгромогласно аплаудираше на вашите училишни претстави и спортски натпревари, која се молеше до доцна во ноќта да го положите најтешкиот испит и која од дома ве бодреше додека бевте на првото интервју за работа. Дури и кога не можете да ги слушнете нејзините молитви и навивања, знаете дека се таму некаде, а тоа ви дава сила.
  5. Таа знае дека тврдоглаво ќе го направите она што сте го наумиле, но и покрај тоа, не пропушта ни една шанса да ве советува што треба да направите. Понекогаш ве вади од такт, но никогаш со лоша намера.
  6. Ако постои личност која секогаш го ставала вашиот живот пред сопствениот, тогаш тоа е таа. Вашата мајка отсекогаш инвестирала во вашата среќа, без разлика на нејзината. Го жртвувала сопственото време за да ви помогне со домашните задачи, ве развеселувала и кога очите ѝ биле полни со солзи, ве земала од училиште и кога болката во нејзиното тело била неподнослива. И повторно би го направила истото. Нејзината љубов кон вас е безусловна.
  7. Убедена е дека сте најдобри во сè што правите. И отворено го кажува тоа. Пред вас, зад вас, пред вашите роднини, пред светот. Да, таа сака да ве научи да се цените себеси и прави сè за да ви ја зголеми самодовербата.
  8. Не ѝ пречи да ви го даде целиот свој плакар, целата своја облека и модни додатоци. Иако елегантните фустани и бисерите се најубавите и најдрагите материјални нешта што ги поседува, тие секогаш ќе бидат за вас.
  9. Го слушате нејзиниот глас секогаш кога ќе ѝ го изберете бројот во именикот. Независно дали светот чека на неа, дали обврските стојат в место или присуствува на најважниот состанок во својот живот, таа ќе остави сè само за да одговори на вашиот повик, па сте убедени дека таа е само еден телефонски повик оддалечена од вас.
  10. И ѝ се јавувате секогаш кога животот ќе си поигра со вас. Бидејќи сте свесни дека нема ништо поскапоцено од нејзините совети, дури и кога знаат да ви мавнат шлаканица за да ве освестат.
  11. Но, и кога животот е дарежлив со вас. Се сеќавате кога ја добивте првата петка во училиште, кога ве прогласија за најдобар ученик или кога ја добивте работата од своите соништа? Сигурно со нетрпение чекавте да ѝ се јавите нејзе, зашто знаевте дека ќе ја направите најгордата личност на светот.
  12. Знае точно што сакате и ќе направи сè за да го добиете. Таа знае кое јадење ви е омилено и ви го готви со задоволство, знае кое чоколадо го обожавате и ви го купува само за да ви го види лицето насмеано. Знаете, мајките прават сè за да ги видат децата среќни... независно дали тие имаат 4, 14 или 40 години.
  13. Може во еден здив да ги наброи сите ваши симпатии и момчиња, од детските години досега. Ги знае имињата на сите личности кои прошетале низ вашиот живот. Нејзе не мора да ѝ објаснувате кој е Јован или Марко.
  14. Ви помага кога никој друг не сака да биде во ваша близина. Вашата мајка ги бришеше вашите повраќаници кога бевте бебе, ги менуваше вашите пелени, ги чистеше вашите рани кога ќе се повредевте, лежеше покрај вас на болница, ги трпеше вашите тинејџерски хистерии и сè уште е ваше прибежиште во најлошите моменти. Мајките се покрај нас не само во среќните, туку и буквално во најлошите моменти.
  15. Се грижи за вас како никоја друга личност на светот. Да, можеби ги превртувавте очите кога мајка ви ви ги прислушуваше телефонските разговори или изигруваше детектив прашувајќи ве каде ќе одите вечер, но факт е дека таа премногу се грижи за вас.
  16. Не постои друга личност пред која можете толку слободно да озборувате и да се истушите кога сте лути. Мајките се најдобрите стражари кога се во прашање тајните на нивните деца.
  17. Секогаш ви кажува која облека ви стои убаво, а која... не баш. Па се разбира, таа е вашата омилена шопинг пријателка. Особено кога ви го купува фустанот што ви се допаѓа.
  18. Само таа ви кажала да заборавите на амбициите да станете пејачка зашто ужасно пеете или доктор зашто косата ви се крева кога ќе видите туѓа крв. Секогаш е искрена со вас, бидејќи искреноста е одлика на вистинските пријателки.
  19. Мајка ви знае многу повеќе за вашето здравје отколку што знаете вие самите. Таа е личноста која ви се јавува уште пред да ги земете резултатите од испитувањата на крвта, која со ноќи бдее над вас кога имате температура и е првата личност која ќе ве посети на болница откако ќе се породите, прашувајќи ги докторите за сите детали. Таа е во тек со вашата здравствена состојба, а вие сте благодарни што ја имате покрај себе.
  20. Стои покрај вас дури и кога знае дека не сте во право. Никој не смее да ја допре мајкината ќерка“. Иако лекциите се различни кога сте насамо, пред луѓе таа ќе пушти орлови нокти за да ве заштити.
  21. Можете да зборувате со неа за сè, апсолутно за сè. И понекогаш минувате часови во разговори буквално за ништо.
  22. Често ве потсетува дека сте најубавата личност на светот. Постои ли некој кој може побрзо да ви ја зголеми самодовербата од мајка ви? Таа ве сака токму онакви какви што сте, со сите ваши маани и недостатоци и не пропушта ниту една прилика да ви го каже тоа.
  23. Таа е ваш партнер во секое „злосторство“. Секогаш можете да сметате на нејзината поддршка, а тоа ви дава храброст дури и кога знаете дека сте оплескале. Да, таа е лицето кое ве заштитуваше пред тато и кое лажеше дека сте болни пред професорот (се разбира со закана дека нема да го направи тоа повторно).
  24. Врската меѓу вас станува посилна и посилна со секоја измината година. Како и почитта. И љубовта. Таа секој ден станува сè поблиска со вас и не можете да си го замислите животот без неа. Очекувајте вистинска кулминација откако и самите ќе станете родител. Никогаш нема да бидете престари за да имате потреба од вашата мајка.
  25. Едноставно, таа ве разбира.

Па, дали постои подобра пријателка од мајка ви?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.