Почетна » Новости » Занимливости » 10 работи кои сакам син ми да ги научи пред да стане тинејџер

10 работи кои сакам син ми да ги научи пред да стане тинејџер

Тинејџерските години се комплициран период, кога хормоните го играат најбесниот танц. Целта на секоја мајка е да го воспита своето дете најдобро што умее, за тоа да може достојно да се справи со предизвиците кои ги носат „лудите години“.

Шенон Ралф е мајка на 11-годишен син, која во онлајн списанието за модерни родители „The Next Family“ објави поучен текст со 10 лекции кои сака да му ги пренесе на својот син пред тој да стане тинејџер.

Момче

Имам прекрасен 11-годишен син. Паметен е и секој ден ме смее. Добар е и дарежлив. Но, и покрај моите вечерни молби кон универзумот да го забави времето, син ми станува маж пред моите очи. Тој повеќе не е буцкастото мало русо момче во кое се вљубив пред 11 години. Тој порасна повеќе од 7 сантиметри во текот на летото и за малку не ме надрасна. Неговите нови чевли оваа година се број 44. Додека секој ден се сопнувам од џиновските патики во дневната соба, не можам да кажам дека тој не се менува. На неверојатен, но и на застрашувачки начин, моето мало момче се движи кон полнолетството.

Со син ми минуваме низ уникатен транзициски период во моментов. Тој не е потполно тинејџер, но не е ни дете. Додека стоиме пред прагот на акните, влакнестото тело и бесните хормони, започнувам да размислувам за тоа каков тинејџер сакам да биде тој и за тоа во каков маж сакам да израсне еден ден. Во продолжение се 10 лекции кои сакам син ми да ги научи пред да стане тинејџер.

  1. Добрината е моќ, а не слабост. Кроткоста е доблест, како што е и емпатијата. Не е мажествено да си суров. Не е слабост да си нежен. Многу често ја потценуваме моќта на добрината, која може да го промени светот.
  2. Телото на девојката ѝ припаѓа САМО нејзе. Немаш право на него, независно која е таа, без оглед на тоа колку долго сте во врска. Таа ги поставува правилата кои се однесуваат на нејзиното тело, исто како што ти ги создаваш правилата за твоето тело. И момчето може да каже „не“.
  3. Искажувај ги своите чувства. Користи ги зборовите. Не ги чувај во себе. Не ги потиснувај. Чувствата нè прават целосно еволуирани човечки суштества. Не биди пештерски човек.
  4. Готви, чисти и пери си ја облеката. Секој маж треба да биде способен да зготви нешто вкусно (или барем јадливо), да исчисти зад себе и да си ги испере сопствените алишта. И те молам, те молам разбери (не само да го кажеш, туку и да поверуваш) дека ништо од ова не е „женска работа“.
  5. Кажувај „те молам“, „благодарам“ и „извинете“ секој ден. Манирите се важни. Манирите, иако се потценети во овој модерен свет, ќе те одделат од другите. На училиште. Во кариерата. Во твојата идна врска. Манирите ќе те одведат далеку во животот.
  6. Не верувај секому. Но, и немој да не му веруваш на никого. Луѓето треба да ја заслужат твојата доверба. Не ја давај тукутака, но давај им ја на луѓето кои ја заслужуваат. На сите ни треба близок круг од луѓе кои ќе ни го чуваат грбот.
  7. Со малку самодоверба можеш многу да постигнеш, дури и ако треба да ја одглумиш. И ќе има моменти кога целосно ќе ја глумиш самодовербата, верувај ми за тоа. Но, знај дека си паметен, знај дека си способен, знај дека си талентиран. Го поседуваш она што е потребно за да ги исполниш своите соништа. Само верувај во себе.
  8. Никогаш не се фали за твојот љубовен живот. Тоа е неучтиво. Тоа е грубо. Тоа е искористување на туѓата ранливост. Нема потреба твоите пријатели да ги знаат деталите. Препушти го тоа на нивната голема фантазија.
  9. Понекогаш е подобро да ја премолчиш шегата. Знаеш дека обожавам лукава остроумност и изопачени шеги. Сарказмот, кога е поднесен на експертски начин, ми е меѓу најомилените нешта на светот. А ти си доста вешт и во двете. Но, тоа не е секогаш пристојно. Постојат и поважни нешта од совршена шега. Како пријателството. Довербата. Добрината. Размисли пред да се шегуваш. Дали вреди?
  10. Истражи го светот. Излези. Види нови работи. Истражи нови места. Прошири ги своите хоризонти. Патувај со ранец низ Европа, оди на сафари во Африка, прошетај низ дождовни шуми. Биди светски човек. Јас секогаш ќе бидам твој штаб.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.