Почетна » Семејство » Бебе » Предностите на доењето

Предностите на доењето

Доењето со мајчино млеко ви овозможува да го обезбедите вашето бебе со сè што му е потребно за да расте и да се развива. Мајчиното млеко содржи супстанции, кои не можат да бидат произведени и заменети со адаптираното млеко. Доењето има свои предности како за вашето бебе, така и за вас.

Бебе што цица
Доењето создава силна нераскинлива врска помеѓу мајката и бебето.

Предностите на доењето за вашето бебе

  • Мајчиното млеко е природно и ги задоволува индивидуалните потреби на бебето.
  • Тоа содржи хранливи материи, кои се во идеален баланс и се лесно сварливи.
  • Со помош на мајчиното млеко, вие му предавате антитела на вашето бебенце, за да може да се бори против инфекции. Колку подолго го доите, толку подобро.
  • Бебињата, кои се хранети со мајчино млеко, поретко имаат потреба од посета на болница.
  • Ако го доите вашето најмило, му го намалувате ризикот од дијареа и запек.
  • Доењето го намалува ризикот од алергични реакции како егзема и астма.
  • Мајчиното млеко содржи хормони, кои го помагаат развивањето на бебето. Овие хормони не можат да бидат заменети со адаптираното млеко.
  • Бебињата кои се доени 8 месеци или повеќе постигнуваат подобри резултати во училиште кога ќе пораснат, отколку бебињата кои се хранети со адаптирано млеко.
  • Доењето создава силна нераскинлива врска помеѓу мајката и бебето.

Предностите на доењето за вас

  • Доењето ви помага да си ја вратите нормалната тежина и согорува до 500 калории дневно.
  • Мајките кои ги дојат своите бебиња, создаваат силна и специјална врска со нив.
  • Доењето може да ви помогне во заштитата од развивање на рак на дојка и рак на јајниците.
  • Со доењето се произведуваат ендорфини, кои имаат природен антидепресивен ефект и го намалуваат ризикот од појава на постнатална депресија.
  • Мајчиното млеко е секогаш готово и не ве кошта ништо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.