Ресана торта

Потребно ви е нешто интересно, слатко и вкусно, но без да се мачите да печете пандишпани и 2-3 часа да си играте во кујната? Тогаш тортата со ресани е токму за вас.

Ресана тортата е исклучително лесна за приготвување, па пред да трепнете ќе имате десерт од кој сите ќе побараат второ парче.

Состојки

750gресани
250mlмлеко
250gмаргарин (1 коцка)
1 шолјаситно исечкани ореви

Инструкции за приготвување

  1. Секое колаче ресана исечете го на 4 парчиња и ставете ги сите ресани во голем длабок сад.
  2. Ставете тенџере на оган. Додајте ги во него млекото и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи целосно, а кога ќе се случи тоа, тргнете го тенџерето од огнот. Оставете го да се олади.
  3. Со изладеното млеко прелијте ги ресаните. Додајте ги исечканите ореви. Мешајте внимателно со дрвена лажица или со рака. При мешањето не употребувајте премногу сила за да не се издробат ресаните.
  4. Со рацете оформете ја смесата по желба или ставете ја во голема модла.
  5. За попримамлив изглед, стопете поголемо количество темно чоколадо и прелијте ја тортата. Најлесен и најбрз начин да ја завршите тортата е само да изрендате чоколадо по целата нејзина површина.
  6. Оформената торта оставете ја да отстои во фрижидер 2-3 часа.

Нема да погрешите ако ја сервирате тортата со парче свеж портокал. За декорација, ние употребивме дел од кората на портокалот, експандиран ‘рж и малку чоколаден прелив.

Ако ви здодее аромата на портокал или ако вашите најблиски сакаат нешто поразлично, едноставно изберете ресана со друг вкус и ќе добиете „нова“ торта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.