Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Макарони со туна

Макарони со туна

Макарони со тунаМакарони со туна

Состојки

250gмакарони
сол
1 лажицапутер
1 лажицаобичнo сeнаменско брашно
1/2 чашаБитолско трајно млеко со 3,2% мм
3јајца
кромид (по вкус)
1/2 лажичкацрвен пипер
сок од цеден лимон
250gконзервирана туна
1/4 шолјаБиМилк Ајдамер (рендан)
магдонос
пармезан

Инструкции за приготвување

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во голем сад зовријте вода во која сте додале малку сол и пригответе ги макароните според инструкциите на кесата. Исцедете ги и оставете ги настрана.
  3. Ставете го путерот во загреана тава. Откако ќе се растопи, постепено додавајте го брашното и пропржете го 2-4 минути.
  4. Тргнете ја смесата од огнот и постепено додавајте го Битолското трајно млеко, постојано мешајќи додека не се згусне.
  5. Додајте го кромидот и претходно изматените јајца. Зачинете со сол (по вкус), црвен пипер и сокот од лимон. Истурете ја смесата врз ренданиот Ајдамер.
  6. Измешајте ја целата смеса со туната и варените макарони и оставете ја на тивок оган околу 5 минути.
  7. Печете во рерна околу 20 минути.
  8. Ставете во чинија за сервирање, поросете со пармезан и украсете со магдонос.
Спонзорирано од BiMilk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.