Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Кремасти тестенини од Zlato Polje со печен лосос

Кремасти тестенини од Zlato Polje со печен лосос

Брз, лесен, вкусен и супер хранлив... Овој домашен специјалитет со тестенини и лосос ќе ве импресионира вас со леснотијата со која се приготвува, а вашите придружници на трпезата ќе ги фасцинира со богатата мешавина на вкусови и текстури.

Кремастите тестенини низ кои е инкорпорирано печено лосос филе се совршен оброк за семејна вечера или за ноќите зачинети со романтика и наздравување со квалитетно вино.

Кремасти тестенини со печен лосос

Состојки

250 грамарезанци со јајце Zlato Polje
400 грамалосос
30 грамапутер
½ главицацрвен кромид
2 шолјипавлака за готвење
½ шолјабело вино
1 лажичкасок од лимон
50 грамарендан пармезан
1 шолјазамрзнат грашок
маслиново масло
сол
црн пипер
лук
Кремасти тестенини со печен лосос

Подготовка

  1. Лососот премачкајте го со маслиново масло и посолете го. Печете го 15 минути во загреана рерна на 220°C. Откако ќе го извадите од рерната, зачувајте го топол со прекривање со алуминиумска фолија.
  2. Сварете ги тестенините согласно инструкциите на пакетчето во длабок сад со солена вода.
  3. Растопете го путерот во тава ставена на оган на средна температура. Исечкајте го кромидот на мали коцкички и додајте го во путерот заедно со ситно исецкано лукче по вкус или лук во прав. Пржете на тивко додека кромидот не стане проѕирен.
  4. Додајте ги во тавата павлаката за готвење и белото вино. Зачинете со сол и црн пипер.
  5. Накратко промешајте, па исцедете една лажичка сок од лимон.
  6. За крај, ставете го пармезанот и замрзнатиот грашок. Гответе уште 1-2 минути и тргнете ја тавата од оган. Веднаш потурете ги тестенините со кремастата смеса.
  7. Лососот можете да го раскинете на мали парчиња или да го исечкате на коцки пред да го вклопите во примамливото јадење.
  8. Задолжително сервирајте додека е топло. Декорирајте ги порциите со магдонос.
Кремасти тестенини со печен лосос Кремасти тестенини со печен лосос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.