Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Веге бургери со кремаст дресинг од Даниел Цуклев инспирирани од американската кујна

Веге бургери со кремаст дресинг од Даниел Цуклев инспирирани од американската кујна

Кој може да одолее на примамлив бургер со дресинг што инстантно разгорува апетит?

Кулинарското патешествие околу светот на Vegeta Maestro го продолжува Даниел Цуклев (@cuklev) токму со рецепт за ароматни и неодоливи бургери. Македонскиот вљубеник во фотографијата и готвењето го заврти глобусот со зачини специфични за одредени географски региони и штом топката застана на Северна Америка, одлучи да нè освои со веге бургери.

Веге бургери

Избирајќи вегетаријанска алтернатива, тој ги претвора бургерите во поздрава варијанта на класичните, а со дресингот со бибер, го подигнува нивото на уживање во секој залак.

Дозволете му на Цуклев да ве однесе на гастро патување низ американската кујна со бургерите со кои „ризикувате“ да изнудите само комплименти.

Веге бургери Веге бургери

Состојки за плескавиците

100 гр печурки
1 конзерва грав
1 конзерва наут
1 морков
сок од лимон
сол
слатка пиперка Vegeta Maestro
магдонос
копар
Веге бургери

Подготовка

1

Ги сечкаме печурките, магдоносот и копарот на ситни парчиња, морковот го рендаме, а гравот и наутот ги гмечиме со виљушка. Сите тие состојки ги мешаме заедно и ги зачинуваме со сол, слатка пиперка Vegeta Maestro и сок од лимон.

2

Со рака месиме и по потреба можеме да додадеме лебни трошки. Штом смесата стане хомогена, ја оставаме да отстои 30 минути, а потоа оформуваме плескавици.

3

Плескавиците ги пржиме во загреано масло или ги печеме во рерна околу 20 минути додека да добијат крцкава кора и златно-кафеава нијанса.

Состојки за дресингот

пипер во зрна (по вкус)
20 мл маслиново масло
2 лажици таан
кора од лимон
сол

Подготовка

1

Го толчиме биберот во зрна и го ставаме во мала тегличка. Додаваме маслиново масло, таан, ситно рендана кора од лимон и посолуваме.

2

Силно ја протресуваме тегличката за состојките да се обединат.

Плескавиците ги ставаме во лепчиња за бургери и по желба додаваме марула, кромид, домат и краставица, а одгоре прелеваме со приготвениот дресинг. На здравје!

Веге бургери Веге бургери Веге бургери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.