Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Готвиме превкусно мисиркино со сос од печурки со автентичната Тања Кочовска

Готвиме превкусно мисиркино со сос од печурки со автентичната Тања Кочовска

Позитивна, духовита, искрена, непосредна, талентирана, автентична, професионална артистка во вистинска смисла за зборот... Тања Кочовска магнетски привлекува бројни епитети.

Сите сме биле сведоци на нејзините подвизи во театарската и музичката уметност, а нејзините сакани редовно со сите сетила сведочат и за нејзините кулинарски вештини.

Во само 4 чекори, готвиме со Тања мисиркино месо со неодолив сос од печурки, кој штеди време и енергија, а константно е примамлив и вкусен на високо ниво.

Тања Кочовска

Состојки

За мисиркиното

600 гр мисиркини медалјони (или стек)
сол
Vegeta Maestro црн бибер
½ лажичка Vegeta Maestro сушен рузмарин
½ лимон
2 лажици маслиново масло

За сосот

2 лажици маслиново масло
250 гр печурки
250 мл вода
1 Fant за сос од печурки

Подготовка

1

Мисиркиното месо го посолуваме и го поросуваме со црн бибер од двете страни. Правиме маринада од маслиновото масло, сокот од исцедениот лимон и сушен рузмарин. Рамномерно ја нанесуваме маринадата врз месото и го оставаме да отстои 15 минути.

Мисиркино со сос
2

Во загреано тавче го пржиме мисиркиното месо додека да придобие златно-кафеава боја.

Мисиркино со сос
3

Во друго тавче, во загреано масло ги пропржуваме печурките, а потоа додаваме 250 мл вода и содржината од кесичката Fant за сос од печурки. Готвиме на тивок оган 5 минути додека постојано мешаме.

Мисиркино со сос
4

Секоја порција од мисиркиното месо ја збогатуваме со 2-3 лажици од приготвениот сос.

Мисиркино со сос
Мисиркино со сос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20779 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.