Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Вегетаријанска лазања со зеленчуци која ќе ја обожаваат и љубителите на месо

Вегетаријанска лазања со зеленчуци која ќе ја обожаваат и љубителите на месо

За деновите кога сакате да паузирате од консумирање на месо и да го зголемите внесот на зеленчуци, ви предлагаме превкусна, сочна лазања.

Лазања Лазања

Состојки

3тиквички средна големина
3моркови средна големина
500 грпечурки
1главица црвен кромид
1конзерва домати (400 гр)
100 млдоматен сок
500 млкрем за готвење, неутрален
9листови за лазања (165 гр)
500 гркашкавал
10 грпутер
зачин Vegeta Natur со зеленчуци
сол
црн бибер
босилок
лук во прав
Лазања

Подготовка

  1. Во длабока тава ставете путер и исечканиот кромид. Штом кромидот ќе започне да се карамелизира, додајте ги морковите исечкани на тенки кругови или коцкички. По три минути, додајте ги тиквичките исечкани на коцки со големина од околу 1 сантиметар, а потоа и печурките исечкани на тенки ленти. Зачинете со црн бибер, зачин Vegeta Natur со зеленчуци, сол, босилок и лук во прав и пржете околу 3-4 минути.
  2. Доматите од конзерва изгмечете ги рачно и раскинете ги на мали парчиња. Во тавата со зеленчуци налејте го доматниот сок и додајте ги изгмечените домати. Гответе додека сосот не се згусти.
  3. Загрејте ја рерната на 180°C.
  4. Во сад за печење (20x30 сантиметри), на дното ставете малку од црвениот сос со зеленчуци. Наредете три листови лазања и премачкајте ги со белиот крем за готвење. Ставете половина од црвениот сос со зеленчуци и поросете со кашкавал. Повторете го тоа уште еднаш. Последниот слој кори за лазања премачкајте го со бел сос и дарежливо покријте го со кашкавал.
  5. Печете 40 минути. Последните 10 минути печете со вклучен вентилатор.
Лазања

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.