Икеа започнува хуманитарна кампања со помош на десет среќни дечиња. Познатата компанија создаде 10 играчки според цртежи на мали деца.
За секоја купена играчка, компанијата ќе донира по едно евро во УНИЦЕФ и Save the Children, а средствата ќе бидат наменети за програми за образование за децата.
Проектот „Меки играчки за образование“ започна пред 13 години. Досега се собрани 77 милиони евра кои им помогнале на 11 милиони деца преку 99 проекти во 46 земји низ светот.