Почетна » Рецепти » Намирници » Лимонот и неговите примени

Лимонот и неговите примени

Лимонот припаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во која што спаѓаат и портокалот, мандарината, грејпфрутот и др. Тој е евтин, лесно достапен и повеќенаменски. Особено е корисен кога е во прашање вашето здравје. Овој жолт плод содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати.

ЛимонЛимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува.

Кората на лимонот е многу корисна, затоа што е богата со витамин П и фитоцидни материи, кои ги уништуваат микробите. Кората содржи и етерични масла кои се корисни за: нормализирање на крвниот притисок, намалување на нивото на холестерол, превенција од атеросклероза, зајакнување на имуниот систем, главоболка, гадење, исцрпеност, подобрување на помнењето и концентрацијата.

Лимонот и здравјето

Лимонот се користи уште од древноста поради неговата моќ да лекува. Тој се препорачува од билкарите за снижување на крвниот притисок, исфрлување на токсините од црниот дроб, намалување на болките при артритис, против инфекции, грип, против болести во усната празнина и јазикот и т.н.

Лимонот е лек за стомакот поради неговиот лаксативен ефект. Исто така го зајакнува имунолошкиот систем. Ако имате настинка, пробајте да пиете сок од лимон. Освен тоа што ќе ви помогне во борбата против настинката, ќе го сопре и развивањето на инфекции. Тоа е така поради неговите антибактериски и антивирусни својства.

Моќта на лимоновата вода

Многу е едноставно да се подготви лимонова вода. Сè што треба да направите е да ја измешате пулпата и сокот од половина лимон во топла вода и да ја испиете. Лимоновата вода ќе му помогне многу на вашиот организам.

Лимонова водаЛимоновата вода ја подобрува способноста на телото да ги исфрла отровите.
  • Дејствува како „чистач“ на крвта и ја подобрува способноста на телото да ги исфрлува отровите. Вашата кожа не може да изгледа здрава, ако вашиот организам е полн со токсини. Кога тој ќе се ослободи од токсините, тоа прво ќе се одрази на вашата кожа. Таа ќе изгледа чиста и без акни.
  • Помага при проблеми со дигестивниот систем – гадење, киселини во стомакот, запек и паразити, а исто и при варењето на храната.
  • Поради големото количество на витамин Ц, лимоновата вода се користи при лекувањето на инфекции, рани, алергии и воспаление на грлото.
  • Лимоновата вода е диуретско средство. Тоа значи дека е многу корисна за луѓе кои имаат инфекции на мочните патишта. Исто така им помага и на луѓето со артритис или реума, затоа што ги прочистува токсините и бактериите.
  • Сокот од лимонот помешан со вода може да биде многу полезен за бремените жени, бидејќи помага во изградувањето на коските на нероденото дете. Калциумот кој што го има во лимонот е одличен за коските и за забите. Лимонот содржи и калиум, кој што е полезен за мозокот и за нервните клетки.

Лимонот и вашето тело

Тежината е основниот проблем на секоја жена. Но, ако имате неколку килограми повеќе, нема потреба да „се клукате“ со апчиња за слабеење. Одберете го поздравиот начин и искористете ја моќта на лимонот.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат поголемо количество лимон помалку страдаат од прекумерна тежина. Тоа е така затоа што лимонот содржи антиоксиданси, кои што го регулираат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат гладот.

Исто така, луѓето кои што консумираат големо количество сок од лимон полесно слабеат, поради тоа што витаминот Ц го забрзува метаболизмот.

Можете да користите лимон и за вашата коса. Ако сте русокоса, може да употребите лимон за осветлување на вашата коса. За да го направите тоа, исцедете го сокот од половина лимон во вашата коса и седете околу еден час на сонце. Откако ќе ја измиете вашата коса таа ќе изгледа почиста, посвежа и поблескава.

Потењето во летните месеци е нормален процес. Но, ако сакате да го намалите честото потење со цел да се чувствувате попријатно, подготвите си чај од камилица и кон него додајте сок од половина лимон и една лажичка шеќер. Така направениот чај пијте го секоја вечер пред легнување.

Лимонот во вашиот дом

Лисјата на лимоновото дрво испуштаат материи кои што го дезинфицираат воздухот и убиваат многу бактерии. Поради тоа, многу е корисно да се одгледува лимон во домот. Купете си лимоново дрво и одгледувајте го во вашиот дом. Така ќе се ослободите и од некои инсекти како комарците и мувите.

Дали сте знаеле дека...

Лимонот може да се користи и како невидливо мастило. Потребно е само да се напише некаков текст со сок од лимон и кога ќе се стави на светлина тој може да биде прочитан.

Неколку корисни примени на лимонот

  • ЛимонИсцедете лимон во вашето кафе при главоболка. Користете чист сок од лимон при убод од оса или пчела за да ја намалите болката.
  • Лимонот го сопира крварењето и може да го користите како природен антисептик на вашите рани.
  • Исцедете лимон во вашето кафе при главоболка.
  • Лимонот помешан со маслиново масло помага во борбата против камен на жолчката.
  • Некои тврдат дека редовното внесување на свеж лимон може да биде корисно против камења во бубрезите.
  • Лимонот помага во борбата против акните. Ако имате мрсна кожа, премачкајте го лицето со сок од лимон два пати дневно. Ставете го да дејствува 5 минути и измијте го.

Совет

Секогаш купувајте лимони кои што се светло жолти и кои изгледаат свежи. Лимоните со тенка кора имаат повеќе сок, отколку лимоните со дебела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.