Почетна » Рецепти » Намирници » Зеленчуците – од каде да започнете?

Зеленчуците – од каде да започнете?

Зеленчуците се важен дел од секојдневната исхрана. Тие ни даваат витамини, минерали и енергија, му помагаат на нашето тело да се бори против болести и со тоа ни го зајакнуваат имунилошкиот систем.

Многу тешко е едни зеленчуци да се постават како поздрави од други, затоа што секој зеленчук го подобрува нашето здравје на различен начин. Сепак, има зеленчуци кои се истакнуваат пред другите.

ДоматБрокулитеМорковКромидСпанаќ

Доматите

Денес на сите ни е познато дека доматите помагаат во борбата против ракот.

Тие се богати со витамини (А и К), го одржуваат крвниот притисок и ги намалуваат слободните радикали во нашето тело.

Брокулите

Брокулите помагаат во борбата против многу различни болести, многу повеќе отколку кој и да било друг зеленчук. Тие го намалуваат ризикот од рак на стомакот и белите дробови.

Богати се со бета каротен, витамин Ц и фолна киселина. Го подобруваат имунoлошкиот систем и нè заштитуваат од настинки и грип.

Морковите

Морковите се одличен избор за одржување на очите, кожата и косата. Тие се најбогат извор на антиоксиданси како витаминот А.

Витаминот Ц присутен во морковите, помага за зачувување на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Кромидот

Иако не е особено вкусен за многу луѓе, тој е многу корисен за тие што страдаат или се изложени на ризик од остеопорозата. Научниците веруваат дека кромидот го намалува губењето на калциум.

Кромидот помага за намалување на крвниот притисок, настинка, астма и бронхитис. Исто така помага во заштитата од некои видови рак и болести на кардиоваскуларниот систем.

Спанаќот

Консумирањето на овој зеленчук нè штити од многу болести. Калциумот, кој го има во спанаќот, ги зацврстува коските, па затоа овој листест зеленчук е супер храна во борбата со остеопорозата.

Витамините А, Ц, фолната киселина и магнезиумот се присутни во спанаќот и помагаат во заштитата од рак на дојка и белите дробови. Исто така спанаќот заштитува од срцеви заболувања и губење на меморијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.