Колоритна, сочна и исполнета со свежина. Оваа туна салата ќе ја подготвувате секогаш кога ќе сакате здрав оброк кој заситува, ве полни со енергија и го зајакнува имунитетот.

Состојки
5 | поголеми листа марула |
1 | краставица |
1 | домат или 6-7 чери домати |
1 | зелена пиперка |
2 | ротквици |
1 | морков |
1 | младо кромитче |
10 | маслинки |
150 грама | тестенини Zlato Polje |
2 конзерви | EVA туна во растително масло |
1 ќесичка | кубети |
маслиново масло | |
балсамико | |
сол | |
сенф по вкус | |
тартар сос по вкус |


Подготовка
- Марулата, краставицата, доматот, зелената пиперка, ротквиците, морковот и кромитчето се мијат, лупат и сецкаат во длабок сад и се зачинуваат со маслиново масло, сол и балсамико.
- Во меѓувреме, се варат макароните во веќе зовриена вода со малку сол.
- Двете конзерви EVA туна се ставаат во посебен сад откако претходно ќе бидат исцедени од маслото. На туната се додава сенф и тартар сос, по вкус.
- Сварените, исцедени и изладени макарони, заедно со туната, се ставаат во веќе подготвената салата и се мешаат додека туната се распредели подеднакво во салатата.
- За декорација и посебен вкус се додаваат исецканите маслинки и кубетите.

Рецептот е на Благица Тасеска, која победи во наградниот предизвик на EVA.