Во потрага сте по нов, хранлив рецепт кој ќе ви го подобри квалитетот на живот, а истовремено ќе биде сојузник на добрата фигура?
Хрватскиот шеф Иван Пажанин веднаш ќе ве намами со вкусна и ароматна топла салата со медитерански шмек.
Видео
Состојки
800 гр | исчистен сладок компир |
сол | |
црн бибер | |
50 мл | маслиново масло |
200 гр | чери домати |
50 гр | црвен кромид |
2 чешниња | лук |
2 конзерви | EVA сардини со лимон |
2 лажици | сецкан магдонос |
30 гр | млада рукола |
1-2 лажици | бел вински оцет |
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 220°С. Исчистениот сладок компир исечкајте го на коцки. Распоредете го во плех обложен со хартија за печење. Поросете го со црн бибер, посолете го и прелијте го со маслиново масло. Печете околу 20 минути.
- Во плехот додајте ги малите доматчиња пресечени на половина, промешајте ги со бататот и печете уште околу 10 минути.
- Во испечениот зеленчук додајте го исечканиот кромид, сецканиот лук, руколата и магдоносот. Ставете малку оцет и промешајте.
- На крајот, додајте EVA сардини со лимон. Служете ја салатата топла.