Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Видео рецепт: Шпагети со сардини и шампињони од кујната на хрватскиот шеф Иван Пажанин

Видео рецепт: Шпагети со сардини и шампињони од кујната на хрватскиот шеф Иван Пажанин

Примамливите специјалитети понекогаш не бараат експертизам и може да ги приготвуваат и почетниците во кујната.

Хрватскиот шеф Иван Пажанин предлага рецепт за шпагети со сардини кој е многу едноставен за следење и ќе ви успева секогаш, без исклучок.

Видео

Состојки

250 гршпагети No7
50 млмаслиново масло
100 гркромид
50 млбело вино
300 гршампињони
200 гржолти чери домати
1 чешне лук
1 лажицакапари
2 конзервиEVA сардини со зеленчук
сол
црн бибер
1 лажицасецкан магдонос

Подготовка

  1. Шпагетите варете ги во солена вода според инструкциите на етикетата односно додека да станат „al dente“.
  2. Во длабока тава загрејте го маслиновото масло, додајте го ситно исецканиот кромид. Откако ќе омекне кромидот, налејте малку вино, ставете ги исецканите шампињони и пропржете накратко.
  3. Додајте ги исецканиот лук, капарите и исцедените шпагети. Нацрпете малку од водата во која се вареа шпагетите и прелијте ги состојките во тавата. Потоа, додајте EVA сардини со зеленчук и промешајте за сè да се распространи порамномерно.
  4. Пресечете ги доматите на половина, додајте ги во тавата, посолете и гответе уште кратко време. Посипете со исецкан магдонос и послужете.
Шпагети со сардини

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19668 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.