И официјално, списанието „People“ го објави својот избор за најсекси маж на светот. По неколкудневно шпекулирање, титулата „Најсекси маж“ заврши кај Адам Левин.
34-годишниот фронтмен на Maroon 5 изјавил дека бил изненаден од одлуката и на почетокот мислел дека се шегуваат со него.
Во интервјуто за списанието тој признал дека плаче на филмови, особено на „E.T.“, дека обожава да е гол и дека редовно практикува јога.
Адам неодамна ѝ предложи брак на манекенката Беати Принсло. „Долго време мислев дека бракот не е за мене“ – изјавил Левин и дополнил дека сега се чувствува подготвен за стабилна врска.