Џони Деп ја прекина 14-годишната врска со Ванеса Паради, но тоа не значи дека престана да се грижи за неа и нивните две деца.
49-годишниот актер ѝ купи на Паради вила во медитерански стил во Холивуд. Вилата со пет спални соби и прекрасен базен чинела 4,4 милиони долари.
Џони и Ванеса официјално се разделија во јуни, но неколку месеци претходно имаше гласини дека имаат проблеми во врската. Парот претходно живееше во предградие на Париз, во вила на југот на Франција и на приватен остров на Бахамите.