Додека на социјалните мрежи кружат гласини дека Алекс Родригез ја изневерува Џенифер Лопез, нивната врска станува посилна. Парот беше фотографиран додека се релаксираше на плажа на Бахами, а од прстот на Лопез сјаеше вереничкиот прстен.
49-годишната пејачка изгледаше одлично во сини бикини од 24 Bikinis.
Деновиве, бејзбол играчот Хозе Кансеко објави на Twitter дека Родригез ја изневерувал Лопез со поранешната сопруга на Кансеко. „Ја гледам Џеј Ло како му пишува порака на Алекс Родригез, без да знае дека тој ја изневерува со мојата поранешна сопруга Џесика. Кутрата девојка, нема идеја кој е тој навистина“ – напиша Хозе.
Но, други извори блиски на парот споделија дека Џенифер е пресреќна.
Популарната двојка пред два дена објави дека се сврши по 2-годишна врска. И двајцата имаат по две деца од претходните бракови.