Џенифер Лопез чекори кон шестата деценија од животот, но нејзиниот изглед ни малку не го издава тоа. Славната пејачка наполни 48 години и тој специјален ден го одбележа со романтична вечера со саканиот.
Музичката ѕвезда и Алекс Родригез беа фотографирани кога излегуваа од ресторанот „Prime 112“ во Мајами. Џеј Ло изгледаше шармантно во бела модерна комбинација и чанта од Hermes.
Џенифер и Алекс ги прославија своите родендени со заедничка забава со роднините и пријателите. На прославата, Лопез ги привлече сите погледи во ултра мини фустан од Bao Tranchi и сандали од Jimmy Choo.