Џенифер Лопез му е најголемата поддршка на Алекс Родригез. 48-годишната пејачка го проследи бејзбол натпреварот помеѓу Лос Анџелес Доџерс и Џиновите од Сан Франциско, за кој Алекс влезе во улога на коментатор.
Атрактивната ѕвезда изгледаше прекрасно во розова комбинација и бежово палто.
Парот беше фотографиран по завршувањето на мечот кога се упатуваше на вечера.
Лопез и нејзините близначиња го изненадија Алекс кога ненајавени се појавија и на претходниот натпревар.
Парот заедно со децата го прослави Велигден.