Џенифер Гарнер беше почестена со своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.
На церемонијата по повод примањето на ѕвездата, 46-годишната актерка беше обиколена од роднини и пријатели.
Трите деца кои Гарнер ги има со актерот Бен Афлек исто така беа присутни на настанот. Џенифер блескаше од среќа и нежно ги бакнуваше и прегрнуваше 12-годишната Вајолет,
„За моите деца, кога ќе чекорите над оваа ѕвезда, сакам да се сетите прво дека ве сакам и дека ова е за напорната работа и добрата среќа и ништо повеќе од тоа. Вие ме дефинирате како личност, а не ова место на тротоарот“ – рече таа во своето обраќање кон трите деца.
Џенифер ја доби и поддршката од двете сестри и од родителите.