Џенифер Гарнер и Бен Афлек ќе го зголемат своето семејство со уште еден член. 39-годишната актерка е бремена со нивното трето дете.
Нивните гласноговорници ја потврдија веста и изјавија дека парот е пресреќен поради радосната вест.
Според Us Weekly, Џенифер отсекогаш сакала три деца. Таа и Бен се родители на 5-годишната Вајолет Ен и 2-годишната Серафина Роуз Елизабет.
Во 2009 година, Џенифер откри колку е среќна што е мајка. „Најдобриот дел од тоа да си мајка е самото дете – го имаш тоа мало човече да биде твој пријател и да се дружи со тебе (и да те полудува). Очигледно го менува животот и го шири твоето срце, и е нешто што не може да се опише со зборови без да звучи сентиментално или како клише“ - изјавила таа.
Џенифер и Бен се заедно од 2004 година, а стапија во брак една година подоцна.