Џенифер Гарнер и Бен Афлек станаа горди родители на син. Среќниот пар има и две девојчиња – 6-годишната Вајолет и 3-годишната Серафина.
39-годишната актерка во август објави дека е бремена со нивното трето дете, но во текот на целата бременост не го откри полот на бебето. „Би било многу чудно да имаме момче... кул и поразлично“ – изјавила таа во шоуто на Елен Деџенерис.
Џенифер и Бен се заедно од 2004 година, а стапија во брак една година подоцна.