Бен Афлек и Џенифер Лопез присуствуваа на музички настан каде настапуваше неговата ќерка Серафина.
На парот му се придружи и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, како и нивните деца Вајолет и Семјуел. Собирот на семејството беше овековечен од неуморните папараци, кои постојано ги следат славните.
Бен ја прегрнуваше ќерката на Лопез, Еми, додека заедно пристигнуваа на настанот во Санта Моника.
Афлек беше во брак со Гарнер од 2005 до 2018 година. Тие стапија во брак една година по раскинувањето на веридбата со Лопез. Бен ја обнови романсата со Џеј Ло во април 2021 година.