Ексцентричната пејачка Лејди Гага постави нов YouTube рекорд. Таа го победи Џастин Бибер во трката за постигнување на 1 милијарда посети на YouTube и стана првата личност во светот која успеала да добие толкава гледаност на своите видеа.
„Постигнавме една милијарда прегледувања на YouTube, мали чудовишта. Ако се држиме заедно, можеме да направиме сè. Ве нарекувам кралови и кралици на YouTube!“ – напиша Гага на Фејсбук.
Ова не е првиот онлајн рекорд на Гага. Во август таа стана најследената личност на Twitter, а неодамна достигна и рекордни 20 милиони обожаватели на Facebook.
Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер се очекува да достигне гледаност од 1 милијарда посети наредниот месец. Тој го има најгледаното видео на YouTube, спотот за песната „Baby“, кој го гледале повеќе од 350 милиони посетители.