Наједноставните идеи понекогаш можат да се претворат во профитабилни бизниси.
Еван има само 9-години, а веќе заработува над 1 милион долари годишно. Можеби нема да ви се верува, но тој своето богатство го печали презентирајќи играчки на YouTube.
Љубовта на Еван кон играчките и страста на неговиот татко Џаред за создавање филмови, резултирале со популарниот YouTube канал EvanTubeHD, каде се објавувани видеа во кои Еван ги отвора играчките и презентира како се употребуваат.
„Кога го создадовме каналот, ние немавме никаква намера да заработиме ни цент од нашите видеа“ – изјавил таткото Џаред за Fast Company. „Ние не ни знаевме дека тоа е возможно. Најважно ни беше што се зближувавме еден со друг и што другите луѓе уживаа во тоа што ние го создававме“ – додал тој.
На некои од видеата се појавува и Џулиен, 6-годишната сестра на Еван.
„Сметам дека е тешко за 9-годишно дете целосно да го сфати концептот на славата“ – рекол Џаред, кој ги снима, редактира и објавува видеата на YouTube.
Погледнете дел од популарните видеа на Еван, чие презиме сè уште не е откриено.