Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џаред Лето се искачи на Емпаер Стејт Билдинг: „Беше многу потешко отколку што си мислев“

Џаред Лето се искачи на Емпаер Стејт Билдинг: „Беше многу потешко отколку што си мислев“

Џаред Лето се искачи до врвот на Емпаер Стејт Билдинг и стана првата личност која легално го има направено тоа.

Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето
@empirestatebldg HE’S A LEGEND #empirestatebuilding #newyork #nyc #jaredleto #celebrity @jaredleto ♬ original sound - ɪᴄʜɪɢᴏシ︎

51-годишниот актер и пејач доби дозвола да го искачи облакодерот од 102 ката, а покрај тоа што си оствари детски сон, тој ја промовираше претстојната светска турнеја на неговиот бенд Thirty Seconds to Mars. Турнејата ќе се одржи од март до септември 2024 година во чест на нивниот трет албум „It’s The End of The World But It’s a Beautiful Day“.

„Од дете сум фасциниран од Емпаер Стејт Билдинг, која е број еден атракција во светот. Изградена во кратки 13 месеци, во еден од најголемите градови во светот, зградата отсекогаш била моќен симбол за мене за сите можности во животот… На многу начини, овој албум е за тоа да ги следиш соништата и да се предизвикаш себеси да го направиш навидум невозможното. Искачувањето на Емпаер Стејт Билдинг за мене спаѓа во таа категорија“ – напиша тој на Instagram.

Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето
@empirestatebldg King Kong aint got nothin on Jared Leto @jaredleto #empirestatebuilding #newyork #nyc #jaredleto #celebrity ♬ original sound - Empire State Building

Во интервју за Today, Џаред рече:

„Зградата е сведоштво за сите нешта што можат да се направат во светот ако се посветиме на нив, што во голема мера е инспирацијата за нашиот најнов албум. Да бидам искрен, бев многу повеќе возбуден одошто нервозен. Но, беше многу, многу тешко. Беше многу потешко отколку што си мислев дека ќе биде.“

„Неверојатно е... да се гледа изгрејсонцето со поглед кон градот ми значи многу. Уште кога бев мало дете, Њујорк важеше за место каде одите за да си ги остварите соништата. Уште од дете сакав да бидам артист, а Њујорк беше местото каде што дојдов за да бидам артист. Емпаер Стејт Билдинг секогаш беше симбол на тоа за мене“.

Лето всушност не ја качуваше целата зграда, туку започна од 86-тиот кат и за 20 минути се искачи до 104-тиот кат до основата на познатата антена.

Џаред Лето Џаред Лето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.