Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Згодниот Џаред Лето е заводникот од „Flaunt“

ФОТО: Згодниот Џаред Лето е заводникот од „Flaunt“

Џаред Лето е актер и музичар кој лесно им влегува под кожа на жените. Синоокиот шармер е ѕвездата од новото издание на списанието „Flaunt“.

За фотографот Ерик Реј Дејвидсон, 42-годишниот Лето позираше во свој стил во облека од Долче и Габана, Александар МекКвин, Баленсијага, Сен Лоран, Прада, Марк Џејкобс, Мајкл Корс и модни додатоци од Вилијам Хенри.

Џаред Лето Џаред Лето

Лето моментално е едно од најозборуваните лица во Холивуд, бидејќи е фаворит за освојување на Оскар за Најдобар актер во споредна улога.

Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето Џаред Лето

Критичарите имаа само позитивни зборови за неговата трансформација за филмот „Dallas Buyers Club“, како и неговото претставување на комплицираниот лик Рејмонд (Рејон).

„Уште на почетокот бев јасен дека го гледам Рејон како маж кој сака да го живее својот живот како жена, а не како некој што ужива да носи женска облека“ – изјавил тој за „Flaunt“.

Џаред Лето и Метју МеканахиЏаред Лето (лево) и Метју Меконахи во „Dallas Buyers Club“ Џаред ЛетоЏаред Лето драстично ослабе и си ги избричи веѓите за да може да влезе во улогата на Рејон

Публиката го запозна Лето преку серијата „My So-Called Life“, а го засака поради филмовите „The Thin Red Line“, „Fight Club“, „American Psycho“ и „Requiem for a Dream“. Тој има и успешна музичка кариера со својот бенд „Thirty Seconds to Mars“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.