Американскиот рок бенд 30 Seconds to Mars настапи со одлична верзија на хитот „Stay“ во емисијата „Live Lounge“ на BBC Radio 1.
Џаред Лето ја зачува нежноста и сериозноста на баладата на Ријана, но ја зачини со својот моќен рокерски глас.
41-годишниот актер и музичар продолжува да ги мами женските погледи, исто како и во времето кога беше актуелна серијата „My So-Called Life“. Ретко кој може да поверува дека тој навлезе во петтата деценија од животот.
30 Seconds to Mars моментално го промовираат новиот албум „Love, Lust, Faith and Dreams“. За BBC Radio 1 тие ја изведоа и „Do Or Die“.