Вчера во Лондон се одржа европската премиера на „Suicide Squad“. Марго Роби, Кара Делавин, Вил Смит, Џаред Лето, Бен Афлек и Карен Фукухара присуствуваа на свеченоста за да го промовираат својот најнов филмски проект.
На розовиот тепих, Роби шармираше во елегантен фустан од Гучи, а Делавин привлекуваше погледи со сексапилна комбинација во рок стил од Александар МекКвин.
На прикажувањето на филмот присуствуваа и Џорџа Меј Џегер, Гај Ричи со својата сопруга, Хенри Кавил, Џејсон Мамоа и Лора Витмор.