Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Најлошо облечениот маж за 2011 според GQ

ФОТО: Најлошо облечениот маж за 2011 според GQ

Познатото машко списание „GQ“ додели една непосакувана титула – најлошо облечен маж за 2011. Несреќникот кој ја доби е Џаред Лето. Синоокиот актер и музичар очигледно не е популарен кај мажите поради својот избор на облека, особено поради тоа што често носи сукњи и луди креации.

„Тој покажуваше брадавици преку проѕирни маици. Тој носеше сукњи исто толку често колку и панталони. Тој е Најлошо облечениот маж на светот“ – пишува Стелиос Фили од GQ.

Џаред Лето Џаред Лето
Џаред Лето

Денес Џаред е познат по својата музичка кариера. Тој е фронтмен на групата 30 Seconds to Mars и тоа се разбира има големо влијание врз неговиот стил на облекување. Годинава тој се појави во реклама на Hugo Boss и уште еднаш ги освои женските срца, но тоа не беше доволно за да се извлече и да не биде прогласен за најлошо облечен маж.

Лето во реклама за Hugo BossЛето во реклама за Hugo Boss

Џаред се појави на сцената во 90-тите години и веднаш стана дел од соништата на секоја тинејџерка. Се сеќавате на серијата „Мојот таканаречен живот“? Тогаш сигурно го помните Лето.

Лето во „Мојот таканаречен живот“Лето во „Мојот таканаречен живот“

Ви се верува ли дека има 40 години?

Рекламата за Hugo Boss

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.