Тејлор Свифт и Том Хидлстон се најновиот пар во светот на шоу-бизнисот кој добива огромно медиумско внимание.
Музичката ѕвезда и холивудскиот актер беа фотографирани за време на романтичното патување во Рим.
Славниот пар си разменуваше бакнежи и нежности додека уживаше во ресторан и го разгледуваше Колосеумот.
Претходно, 26-годишната пејачка и 35-годишниот актер беа фотографирани на прошетка со неговата мајка во Англија.