Јелена Ѓоковиќ наиде на многу критики и предупредување од Instagram заради распространување на видео кое алудира дека новиот коронавирус е последица на 5G технологијата.
Популарната сопруга на Новак Ѓоковиќ сподели видео од д-р Томас Кауан заедно со пораката: „Многу видеа кружат деновиве, различни теории за причините за Корона, методите за лечење, превенцијата... еве едно кое го добив пред некој ден. Кој има време, нека го гледа. Баш ме интересира што мислите. Пишете!“
Видео
Една недела подоцна, Instagram започна да го обележува видеото како содржина со лажни информации. Во коментарите, многумина ја обвинуваат Јелена за неодговорно ширење на лажни информации, но има и такви кои ја прифаќаат теоријата.
„Почитувана госпоѓо Ѓоковиќ, многу е неодговорно што некој како вас, кој се држи до образование и наука, шири теории за заговор и тоа пред милионска публика. Повеќето наведени информации не се поткрепени со научни докази и се само нагаѓања на личност која не се разбира од физика“ – стои во еден коментар.
За контроверзното видео, Јелена вели: „Ми има смисла, не велам дека е точно или не, но во секој случај заинтересирана сум да учам и да се информирам повеќе за тоа... Не сум среќна кога на кој било му се отстранува видео, затоа што мислам дека тоа не е добро и би сакала во јавноста да чуеме малку повеќе аргументи, затоа што тогаш на сите нас некои нешта би ни биле појасни.“
Научниците се категорични дека нема поврзаност на појавата на новиот коронавирус кај луѓето и 5G технологијата.
Јелена и Новак неодамна ветија дека ќе донираат еден милион евра за купување на респираторни машини во Србија.